16.08.2021

ГОДИШЕН ПЛАН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ВО КПУ КПД ИДРИЗОВО ЗА 2021 ГОДИНА

Бр.01-9301/1 од 12.08.2021год.
Врз основа на Заклучокот од 50-та седница на Влада на Република Северна Македонија а во врска со Информацијата за превземање мерки за борба против корупцијата, Директорот на КПУ-КПД Идризово со Отворено Одделено Велес донесе :

ГОДИШЕН ПЛАН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
ЗА 2021 ГОДИНА
ВОВЕД

Корупцијата е динамична појава и еден од главните предизвици и опасности за демократското општество и владеењето на правото поради што нејзино спречување и превенција е основ за добро функционирање и управување со институциите во согласност со Уставот, законите, меѓународните национални етички кодекси.
Независноста, професионалноста и етичноста во извршување на надлежностите утврдени со закон се гарантираат преку зајакнување на интегритетот на институциите, односно преку зајакнување на системот на политики, стандарди и процедури воспоставени од институциите.
Негативните ефекти од корупцијата се огромни и тие подеднакво го опфаќаат јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.
Во поширока смисла согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси, "Корупција" преставува злоупотреба на функцијата, јавното овластување , службена должност или положба за остварување на корист , директно или преку посредник за себе или за друг .
Под "Судир на интереси" се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасно вршење на неговите јавни овластувања или службени должности.
Сите досегашни извештаи од Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија ,евалуациите на ГРЕКО, извештаите на релевантни организации покажуваат крајно неповолна состојба со справување со корупцијата.
Во нашето општество корупцијата е длабоко навлезена во скоро сите пори во нашето живеење.што укажува на решителна борба кон нејзино намалување со денденција на нејзино искоренување.

1. ШТО Е КОРУПЦИЈА
Под поимот корупција се подразбира искористување на службената положба за приватни цели. Тоа подразбира дека кога постои корупција вршењето на јавните овластувања и работи од јавен интерсе добиваат карактер на вршење одредени услуги само за оние граќани кои имаат можност да платат.
Оној кој се однесува коруптивно преку злоупотреба на својата положба се здобива со материјална или нематеријална корист која може да биде наменета за него или за некој негов близок. На тој начин некои луѓе недозволиво стекнуваат корист , додека на други им е отежнато остварувањето на некое право кое им следува по законски пат.
2. ПРАВНИ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА КОРУПЦИЈАТА
Постојат повеќе закони кои се однесуваат на корупцијата и и тоа: Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Кривичниот законик, Закон за заштита од укажувачи, Закон за лобирање и др.Во заложбите на меѓународната заедница во борба против корупцијата донесени се Конвенцијата на Обединетите нации против корупција и Цивилната конвенција за спречување на корупцијата. Нашата држава ги има ратификувано овие меѓународни документи и истите се дел на домашното законодавство.
3. АНТИКОРУПЦИСКА ПОЛИТИКА ВО КПУ-КПД ИДРИЗОВО СО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС
- КПУ-КПД Идризово со отворено одделение Велес нема да толерира коруптивно однесување , т.е искористување на функцијата , јавното овластување ,службената должност и положба заради остварување на каква било корист за вработениот или некој негов близок. Нема да биде толерирана било каква форма на неетичко и неморално однесување забрането со закон и спротивно на етичкиот кодекс .
-Директорот и раководните лица во сектороте и одделенијата , како и раководните припадници на затворска полиција се одговорни за проценката и отстранувањето на ризиците кои што придонесуваат за корупција, проневера, крадење, поткуп, судир на интереси и користење на влијание со цел добивање повластен третман или било каква друга форма на незаконско и неетичко однесување,
-Административните службеници и припадниците на затворска полиција се должни да се однесуваат чесно и одговорно и да ги почитуваат пропишаните процедури и рокови за постапување , да бидат лојални на институцијата, да избегнуваат судир на интереси и да се грижат за угледот на инститициајат без оглед дали се наоѓаат на работното место или надвор од него, ,
-Административните службеници и припадниците на затворска полиција по вработувањето во установата потпишуваат Изјава за прифаќање на Декларацијата за заедничка мисија на вработените во јавен сектор, со што се обврзуваат на почитување на политиката и интегритето во установата,
-Вработените се должни да пријават било какво коруптивно однесување на начин пропишан во процедурите за пријавување кога постои сомнеж за за корупција ила за друго неетичко однесување,
-Доколку на вработените во Установата им биде понуден поткуп или се потикнувани на незаконски и неетички дејствија треба веднаш да ја прекинат комуникацијата со лицето кое нуди поткуп и писмено да го известат надлежното лице во Установата.. При тоа треба вработениот да го прецизира местото каде е понуден поткупот, времето, соговорници доколку постоеле и кои бил предметот на разговор.
-Доколку вработенот не постапи согласно пропишаната процедура , против него ќе биде покренета постапката.
- Пријавувањето на коруптивното однесување е должност за секое лице вработено во Установата. Тоа не е лично прашање, туку е дел од службената должност и одговорност.
-Доколку вработените биле сведоци или имаат сомневања за неетичко и незаконито работење на некои од вработените во Установата можат а во писмена форма , телефонски или по електронска пошта да го известат овластеното лице во установата.
-Секој кој пријавува корупција треба да знае дека информациите се целосно доверливи.
-Доколку постајат анонимни пријави по нив ќе се постапува само доколку содржат податоци со кои ќе се обезбеди утврдување на фактичката состојба.
-Коруптивните дејствија превземени од страна на вработените во установата се казниви согласно Кривичниот закон и истите повлекуваат и покренување ан дисциплинска постапка , која што не исклучува и кривична одговорност.
-Доколку постои нешто кое не е содржано во оваа програма за антикорупциска политика не е никаков ограничувачки фактор за вработените во поглед на пријавување на кривични дека во полиција, Обвинителство и Државна комисија за спречување на корупција.
4. ОБЛАСТИ КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ НА РИЗИК ОД КОРУПЦИЈА
Како области кои се осетливи на корупција ,и на кои треба да се обрне внимание се:
-Јавните набавки/планирање на буџет испроведување на постапките
-Постапување по пријави на укажувачи
-Планирање и управување со финасиите
-Кадровска политика
-Ресоцијализација на осудени лица
- Обезбедување во затворот , надворешно и внатрешно
1. ЈАВНИТЕ НАБАВКИ / ПЛАНИРАЊЕ НА БУЏЕТ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИ
ОБЛАСТ: 1.ЈАВНИ НАБАВКИ ПЛАНИРАЊЕ НА БУЏЕТ И СПРОВЕДУВАЗЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ
Подобласт: 1.1. Несоодветно планирање на буџетот/Планирање и управување со финансиските средства наменети за спроведување на постапките за јавни набавки
Мерка Активност Надлежна организациона единица Рок на реализација Индикатор на исполнување Финансиски импликации
1.Соодветно планирање на јавните набавки 1.1.Подготовка на годишен план за јавни набавки Сектор за Општо-правни работи и јавни набавки и Одделение за јавни набавки Континуирано Колку често се менува Планот за јавни набавки има
2. Економично , ефикасно користење на срествата наменети за спроведување постапки за договори за јавни набавки 2.1 Реално проценување на вредноста на секој договор за јавна набавка, земајки ги во предвид пазарните услови, и други опции и секое зголемување на вредноста на договорот коее можат да се предвидат во момент на проценка Сектор за Општо-правни работи и јавни набавки и Одделение за јавни набавки При изготвување на годишниот план за јавни набавки и пред започнување на одделни постапки Спроведени постапки за доделување на договори за јавни набавки во рамките на предвидените срства Има
3.Транспарентност во трошењето на срествата кои се предвидени за реализација на јавни набавки и нивна контрола 3.1.Објавување на постапките за јавни набавки кои се во тек , на завршените постапки за јавни набавки и на договорите за јав. набавки на веб страната на ЕСЈН. Сектор за општо-правни работи и јавни набавк и Одделебие за јавни набавки Континуирано Достапност на информациите на веб страната на ЕСЈН. Нема
3.2.Спроведување редовни и вонредни внатрешни контроли
Служба за внатрешна ревизија Согласно проценката на ризик што ја врши внатрешниот ревизор и врз основа на стратешкиот и годишниот план
за внатрешна ревизија Наод и извештај од спроведена ревизија Нема
Подобласт 1.2 Несоодветно спроведување на постапките за јавни набавки
Мерка Активност Надлежна организациона единица Рок на реализација Индикатор на исполнување Финансиски импликации
1.Зајакнување на капацитетите и на лицата кои ги подготвуваат техничките спецификаци 1.1. Креирање и спроведување на обуки за примена на стандардите при подготовка н атехничките спецификации и критериуми за утвдување на способноста на вработените во Сектор за општо-правни работи и јавни набавки и Оддел. за јав. наб Сектор за општо-правни работи и јавни набаки и Одделение за јавни набавки Континуирано Број на спроведени одлуки на годишно ниво има
2. Спречување на влијание врз членовите на комисиите за јавни набавки 2.1.Поголема транспарентност при изработка на техничките спецификации преку проверка на пазаротѕ Сектор за општо-правни раб и јав. набавки и Одд.за јавни набавки Континуирано Успешно спроведени постапки за јавни набавки со склучување дог за јав набавки Нема
2.2 Пријавување обид за влијание врз лицата кои ги подготвуваат Техничките спецификации на набвките Сите лица кои подготвуваат технички спецификации Континуирано Број на доставени пријави до овла. лице за прием на пријави од укажувачи во Установата Нема
3. Спречување на било какви влијанија на членовите од Комисијата за јавни набавки 3.1 Пријавување обид за влијание на членовите на комисијата за јавни набавки Сите лица членови на Комисија за јавни набавки Континуирано Број на доставени пријави до овл.лице за прием на пријави од укажувачи во Установата Нема
3.2. Потпишување изјава за непостоење судир на интереси Сите лица членови на Комисијата за јавни набавки и Директорот на Установата Континуирано Колку пати членовите на комисијата за јавни набавки дале неточни изјави за постоење на судир на интереси ,-колку пати Директорот дал неточна изјава за постоење судир на интереси нема
3.3 Постапување на членовите на Комисијата согласно кодексот на однесување при спроведување на постапките за јавни набавки Сите членови на Комисијата за јавни набавки Континуирано Доставени пријави до овластено лице за прием на пријави од укажувачи во Установата Нема
ОБЛАСТ: 2. ПОСТАПУВАЊЕ ПО ПРИЈАВИ НА УКАЖУВАЧИ
Мерка Активност Надлежна организациона единица Рок на реализација Индикатор на исполнување Финансиски импликации
1. Соодветна примена на Законот за заштита на укажувачи и подзаконските акти и Упатството за прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоци од пријавите и мерките превземени за обез. заштита на лич. податоци 1.1 Навремено и законско постапување по поднесените пријави од укажувачите Лице задолжено за прием на пријави од укажувачи Континуирано Доставени одговори и превземени мерки по поднесените пријави Нема
1.2. Навремено известување за превземените мерки на подносителите на пријави во законски предвидениот рок
2.Подигање на свеста на лицата вработени во установата за можноста за постапување по Законот за заштита на укажувачи и Упатството за прием на пријави од укажувачи Запознавање на вработените со Законот за заштита од укажувачи и Упатството за прием на пријави од укажувачи Лице задолжено за прием на пријави од укажувачи Континуирано Број на поднесени пријави од укажувачи кои се вработени во установата. Нема
3. Поголема транспарентност на постапката за поднесување пријави од укажувачи во установата Обезбедување поголема транспарентност на постапката за поднесување пријави од укажувачи на веб страната на установата Овластено лице за прием на пријави од укажувачи Втора половина на 2021 година Креирање на посебен дел од веб страната на установата за прием на пријави од укажувачи нема
ОБЛАСТ: 3. ПЛАНИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ФИНАНСИИ
Мерка Активност Надлежна организациона единица Рок на реализација Индикатор на исполнување Финансиски импликации
1. Планирање и реализација на буџетот во установата 1.1 Планирање на годишниот буџет согласно потребите Сектор за финансиски прашања Континуирано Доставени прилози од секторите и одделенијата до Сектор за финансиски прашања има
1.2. Транспарентност на трошење на срествата предвидени со финансискиот план Сектор за финансиски прашања Континуирано Објавен финансиски план на веб страницатa на установата Нема
ОБЛАСТ: 4. КАДРОВСКА ПОЛИТИКА, ПРОФЕСИОНАЛНО И ЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Мерка Активност Надлежна организациона единица Рок на реализација Индикатор на исполнување Финансиски импликации
1. Вработувања врз основа на системот на вредности и критериум за квалитет ОЧР заедно со Комисијата за спроведување на оглас за вработување Континуирано Спроведени селекции/интервјуа/тестирања и изготвени извештаи за спроведување на оглас за вработување нема
1.1. Вработувања согласно правилникот за систематизација на работни места
2. Целосна транспарентност во процесот на вработување 1.2 Запознавање и овозможување на достапност и јавност на огласите за вработување ОЧР и Директорот на установата Континуирано Објавени огласи за вработување во дневните весници и на веб страната на Агенција за вработување нема
3.Почитување на етичките, професионалните , и институционалните правила на работење 3.1. Постојана едукација на вработените со цел зголемување на интегритетот и професионалноста во работењето на сите вработени во установата ОЧР заедно со сите организациони единици Континуирано Достапност на постоечките интерни акти до сите вработени и по потреба специјализирани обуки за вработените Нема
ОБЛАСТ: 5. СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР
Мерка Активност Надлежна организациона единица Рок на реализација Индикатор на исполнување Финансиски импликации
1. Одржување на високо ниво на отпорност кон корупција при надзорот и изрекување мерки 1.1 Спроведување на сите процедури при вршење надзор Организацини единици која врши надзор Континуирано Почитување на процедурите за надзор нема
1.2 Одговорно постапување при обезбедување снимки , давање предлози за мерки и нивно изрекување, како и при изработка на мерките, архивирање и застапување пред надлежни судови Организациони единици кои вршат надзор Континуирано Континуирана достапност на снимките, извештаиите , наодите од внатрешните проверувачи и други надворешни проверувачи. нема
ОБЛАСТ 6: ЗАТВОРСКА ПОЛИЦИЈА
Мерка Активност Надлежна организациона единица Рок на реализација Индикатор на исполнување Финансиски импликации
1.Почитување на законските прописи и интерни процедури Спроведување на редовни и вонредни контроли врз вработените лица Затворска полиција-Група за претре Континуирано Доставен податок колку контроли врз вработените се направени во текот на месоцот . Нема
2.Јакнење на капацитетите на припадниците на затворска полиција Учество во работни групи, обуки, организирање работилници и сл. Затворска полиција Согласно Годишниот плана за вработување за тековната година Број на спроведени огласи за нови вработување во затворска полиција има
3.Спречување на влијанија врз затворските службеници Пријавување на обиди за влијание од внатрешни и надворешни лица Затворска полиција Континуирано Број на доставени пријави за обид на вршење на влијание врз припадниците на затв. полиција Нема
4.Соодветна примена на Законот за извршување на санкции и Куќниот ред на установата Навремено и законито постапување, исполнување и превземање мерки во законскиутврдениот рок Затворска полиција Континуирано Број на доставени приговори, поплаки, тужби поради неисполнување и непочитување на законските прописи и Куќниот ред во установата. Нема
5.Поголема транспарентност при поднесување на дисциплински постапки кон осудените лица Грижа за целокупната безбедност во устаноавта , грижа за здравјето на вработените и на осудените лица Затворска полиција Континуирано Поднесени жалби до Управа за извршување на санкции поради изречени дисциплински постапки на осудените лица. Нема

ОБЛАСТ 7: СЕКТОР ЗА РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈА
Мерка Активност Надлежна организациона единица Рок на реализација Индикатор на исполнување Финансиски импликации
1.Примеи на и почитување на Законот за извршување санкции и Куќниот ред на Установата Навремено извршување на работните задачи и обврски Сектор за ресоцијализација Континуирано Нема
2. Изработка и реализација на План за обуки за вработените во сектор за ресоцијализацијар Учество на обуки, семинари , работилници Сектор за ресоцијализација Континуирано Број на реализирани обуки во текот на годината за вработените во Сектор за ресоцијализација о Нема
3.Спречување на негативното влијание на вработените во секторот. Пријавување на обиди за влијание при решавање на вработените во Сек. за ресоцијализација било од надворешни било од внатрешни лица Сектор за ресоцијализација Континуирано Како биле решени сите пријави за обиди за влијание врз вработените во Сектор за ресоцијализација. Нема
4. Кодекс на етичко однесување Усогласување на кодекс за етичко однесување на вработените Сектор за ресоцијализација Континуирано Нема
5. Внатрешна контрола во работењето Доплонителна контрола на вработените во секторот Сектор за ресоцијализација Континуирано Број на извршени контроли на вработените во Сектор за ресоцијализација, Нема

АКТИВНОСТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Мерките за спречување на корупцијата ќе бидат во насока на унапредување на професионалноста и стручноста на вработените преку почитување на законската и подзаконската регулатива и санкционирање на било која форма на корупција во КПД-КПУ Идризово со Отворено одделение Велес и тоа:
-Почитување на Уставот на Законите на РСМ.
-Јакнење на интегритетот на вработените,
-Почитување на сите донесени процедури за работа во Установата,
-Јакнење на контролата за јавни набавки
-Почитување ан Кoдексот на административните службеници, Кодексот на однесување на службените лица во извршување на работните задачи во казнено-поправните и воспитно-поправните установи , Кодексот за етичко однесување на членовите на Влада на РСМ и на носителите на јавните функции именувани ид страна на Владата на РСМ,
-Превземање на дисциплински мерки против сите лица кои се однесуваат коруптивно, недозволиво, неетички, и незаконито.
Заради јакнење на принципите на транспарентно работење сите вработени како и именуваните лица во КПД-КПУ Идризово не смеат да ги користат службените овластувања со цел стекнување на лична корист и имаат обврска да се спрортистават на сите форми на корупција во рамките на Установата.

Изработил. В. Тепеѓозова ДИРЕКТОР
Јовица Стојановиќ