27.07.2021

Закон Амнестија

ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА
Член 1
Со овој закон се уредува ослободување од извршување на казна затвор (во
натамошниот текст: амнестија):
- на лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела
пропишани со Кривичниот законик или други закони, кои на денот на влегувањето во
сила на овој закон започнале или не започнале со издржување на казната затвор во
казнено-поправните установи во Република Македонија,
- на лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела
пропишани со кривични закони на друга држава доколку сторителот е државјанин на
Република Македонија и казната ја издржува во Република Македонија врз основа на
извршување на кривична пресуда на странски или меѓународен суд и истата е признаена
со пресуда на надлежен суд во Република Македонија.
Член 2
Осудените лица од членот 1 од овој закон на кои им е изречена казна затвор до шест
месеци, потполно се ослободуваат од издржувањето на казната.
Осудени лица од членот 1 од овој закон на кои им е изречена казна затвор над шест
месеци, се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со
правосилна пресуда.
Осудените лица од членот 1 од овој закон на кои со правосилна пресуда им е изречена
единствена казна затвор, се ослободуваат од издржување на единствената казна затвор за
30% во делот на претходно утврдените поединечни казни опфатени со амнестија.
Службен весник на РМ, бр. 11 од 18.1.2018 година
2 од 2
Доколку во единствената казна затвор е утврдена казна затвор за кривично дело кое не
подлежи на амнестија, осудениот од членот 1 од овој закон ќе се ослободи од издржување
на казната за 30% само во делот на претходно утврдените поединечни казни опфатени со
амнестија.
Член 3
Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда:
- на казна доживотен затвор,
- за кривично дело Убиство од членот 123 од Кривичниот законик,
- кривични дела против избори и гласање членовите 158-165-в од Кривичниот законик,
- за кривични дела против половата слобода и половиот морал и тоа членови 186, 187,
188, 189, 191, 193, 193-а, 193-б и 194 од Кривичниот законик,
- за кривични дела против државата членови 305-327 од Кривичниот законик,
- за кривични дела против јавниот ред членови 394-а-394-г, од Кривичниот законик,
- за кривичните дела против човечноста и меѓународното право членови 403-418-а и од
418-в до 422 од Кривичниот законик.
Амнестијата не се однесува и на лицата кои делата предмет на амнестија ги сториле по
20 септември 2017 година.
Член 4
Амнестија не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето
во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради нивна недостапност на
органите на кривичниот прогон.
Судијата за извршување на санкции е должен во рок од три дена од денот на
влегувањето во сила на овој закон, писмено да го извести судот кој е надлежен да
постапува, за постоење на околностите од ставот 1 на овој член.
Член 5
Постапката за примена на овој закон за осудените лица кои се наоѓаат на издржување
казната затвор, се поведува по службена должност од страна на казнено-поправната
установа.
Постапката за примена на овој закон за осудените лица кои не започнале со
издржување на казната затвор, ја поведува судот што ја донел првостепената пресуда по
службена должност, по барање на јавен обвинител или по барање на осуденото лице.
Решението за амнестија според одредбите од овој закон го донесува судот што ја донел
првостепената пресуда, во рок од пет дена од денот на приемот на барањето во судот.
Против решението од ставот 3 на овој член, жалба можат да поднесат осуденото лице и
лицето кое во корист на осуденото лице може да изјави жалба, во рок од 24 часа од
приемот на решението.
По жалбата против решението на првостепениот суд одлучува непосредно повисокиот
суд, во рок од 48 часа.
Жалбата од ставот 4 на овој член не го задржува од извршување решението.
Член 6
Во постапката за спроведување на овој закон се применуваат одредбите од Законот за
кривична постапка, доколку со овој закон не е поинаку определено.
Член 7
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник
на Република Македонија“