27.09.2019

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2019

Врз основа на ,  член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), чл.2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен Весник на Република Македонија бр. 11/2015 и бр.35 од 23.02.2018 година) и добиено известување за обезбедени финансиски средства од Министерство за Финансии бр:18-6371/2; 18-6795/2 и 18-6799/2 од 15.08.2019 година, заведено под наш бр.04-8479/2 од 19.08.2019 година, согласно чл.30 ст.5 од Закон за Административни службеници, КПУ-Идризово Скопје со Отворено одделение во Велес објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2019
За пополнување на следните работни места со унапредување:

1. Раководител на одделение во отворено одделение во Велес, со шифра УПР 01 01 Б04 000  во Отворено одделение Велес –1(еден) извршител . (РАБОТНО МЕСТО СО ШИФРА- УПР 01 01 Б04 000 ).

Посебни услови за работното место:

- Стручни квалификации - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Психологија, Социјална работа и политика или Педагогија (образование);
- Работно искуство, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор,односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката, од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор,

 Посебни работни компетенции:
 - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
 - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-Потврда за положен испит за Административно Управување;
- способност за тимска работа;

Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува 28.318,00 денари.

2.Раководител на одделение за третман на осудени лица, со шифра УПР 01 01 Б04 000  во Сектор за Ресоциајлизација –1 (еден) извршител . (РАБОТНО МЕСТО СО ШИФРА- УПР 01 01 Б04 000 ).

Посебни услови за работното место:

- Стручни квалификации - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Психологија, Социјална работа и политика или Педагогија (образование);
- Работно искуство, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор,односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката, од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор,

 Посебни работни компетенции:
 - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
 - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-Потврда за положен испит за Административно Управување;
- способност за тимска работа;

Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува 28.318,00 денари.

3. Советник за Реализација на редовни програми, со шифра УПР 01 01 В01 000  во Одделение за Третман во Сектор за Ресоцијализација– 1 (еден) извршител . (РАБОТНО МЕСТО СО ШИФРА- УПР 01 01 В01 000 ).

Посебни услови за работното место:

- Стручни квалификации - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Психологија, Социјална работа и политика или Педагогија(образование);
- Работно искуство, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката,

 Посебни работни компетенции:
 - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
 - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- способност за тимска работа;

Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува 25.042,00 денари.

4. Советник за прием и отпуст на осудени лица, со шифра УПР 01 01 В01 000  во Одделение за општо правни работи во Сектор за Општо-Правни работи и јавни набавки– 1 (еден) извршител . (РАБОТНО МЕСТО СО ШИФРА-УПР 01 01 В01 000)

Посебни услови за работното место:

- Стручни квалификации - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Правни Студии (образование);
- Работно искуство, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката,

 Посебни работни компетенции:
 - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
 - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- способност за тимска работа;

Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува 25.042,00 денари.

5. Самостоен референт за Архивско работење, со шифра УПР 01 01 Г01 000  во Одделение за Општо Правни работи во сектор за Општо Правни Работи и јавни набавки– 1 (еден) извршител . (РАБОТНО МЕСТО СО ШИФРА- УПР 01 01 Г01 000)

Посебни услови за работното место:

- Стручни квалификации - ниво на квалификациите VA или ниво на квалификации IV според македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку Вишо или Средно образование- Економска Правна и Трговска струка (образование);
- Работно искуство, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката,

 Посебни работни компетенции:

 - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
 - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- способност за тимска работа;

Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува 15.718,00 денари.

6. Раководител на одделение за Управување со човечки ресурси, со шифра УПР 01 01 Б04 000  во Одделение за човечки ресурси –1 (еден) извршител . (РАБОТНО МЕСТО СО ШИФРА- УПР 01 01 Б04 000 ).

Посебни услови за работното место:

- Стручни квалификации - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Правни Науки;
- Работно искуство, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор,односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката, од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор,

 Посебни работни компетенции:
 - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
 - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-Потврда за положен испит за Административно Управување;
- способност за тимска работа;

Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува 28.318,00 денари.

- На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во КПУ-КПД Идризово Скопје со отворено одделение во Велес, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани согласно Законот за административните службеници и актот за систематизација и тоа:

 - да е државјанин на Република Македонија,
 - активно да го користи македонскиот јазик,
 - да е полнолетен,
 - да има општа здравствена способност за работното место
 - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
 - да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
 - да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
 - да поминал најмалку две години на тековното работно место и
 - да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Дневно работно време е од 07.30/08.30 до 15.30/16.30 часот.
Работни Денови: Понеделник до Петок.
Неделно работно време : 40 (четириесет) часа.

Заинтересиранте административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Кпу-Идризово Скопје со Отворено одделение во Велес до Одделението за човечки ресурси.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена.

Исто така кандидатите во Пријавата за унапредување се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни,а доставените докази верни на оригиналот.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.
Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирано од Раководното лице на институцијата .
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

  ДИРЕКТОР: БОБИ МОЈСОСКИ