27.05.2022

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2022

Скопје, 27.05.2022 година

Врз основа на член 67 став 1 алинеја 3 од Законот за извршување на санкции („Службен весник на Република Македонија” бр. 99/19 и 220/19), чл.2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас кај припадникот на затворска полиција , начинот на поднесување на документите и доказите за исполнување на условите содржани во огласот, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто , како и начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен Весник на Република Македонија бр. 121 од .2021 година) и добиено известување бр. 04-327/4 од 16.05.2022 година за продолжување на финансиската согласност за унапредување на припадници на затворска полиција за обезбедени срества од Министерство за Финансии од 2021 година во тековната 2022 година КПУ- КПД Идризово со Отворено одделение во Велес објавува:

За пополнување на следното работно место со унапредување:

.

1 Помлад соработник во затворска полиција 2- (два) извршители ,Стручен припадник на затворска полиција Категорија В од трето ниво со шифра ЗАТ 02 04 В03 001 во Затворска полиција.

Општи услови:
- да е државјанина на Р. Македонија
-активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
-да има општа здравствена состојба за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

Посебни услови

- Стручни квалификации - стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен -албански јазик и книжевност, јавна управа и администрација, и безбедност..

-Работно искуство со или без работно искуство во струката
-да е психофизчки способен за вршење на работите во затворска полиција
- да е оценет со оцена особено се истакнува или се истакнува при последнато оценување
-да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамките на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас
-да поминал најмалку две години на тековното работно место
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас ,

Паричниот износ на бруто плата е 39.886,00,денари
Работно Време -работа во смени

НАПОМЕНА -Предвиденото унапредување е согласно годишниот план за вработување и унапредување во институцијата.

Потребни документи;
-Образец за пријавување на интерниот оглас кој може да се подигне од архивата на КПУ-КПД Идризово со отворено одделение Велес,
-Диплома за завршено образование ,
-Извод од матична книга на родени
-Уверени за државјанство,
-Лекарско уверение нe постаро од 6 месеци
-Потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност не постаро од 6 месеци ,
-Доказ за работно искуство,
- докулку поседува да достави потврда за учество на обука како посетител, како обучувач или како ментор
- за унапредување на кандидатите од категорија В и Б доказ уверение или сертификат издаден од надлежна институција за познавање на еден од најчестите користени и јазици во Европска унија ,
-за унапредување на кандидатите од категорија В и Б доказ уверение или сертификат издаден од надлежна институција за познавање на компјутерски програми и вештини.
- за унапредување на кандидати од категорија Би В доколку поседуваат да достават диплома за додипломски и посдипломски студии
- На интерниот оглас може да се јави припадник на затворска полиција вработен во КПУ-КПД Идризово Скопје со отворено одделение во Велес, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани согласно Законот за извршување на санкциии.

По објавување на интерниот оглас кандидатите пополнуваат пријава за конкурирање на интерен оглас во затворска полиција во писмена форма преку архива на установата , до организационата единица за човечки ресурси во која се наведува за која работна позиција е пријавата за унапредување.
Заради докажување на исполнување на општите и посебните услови кон пријавата се приложуваат и другите докази во оргинал или копија заверена на нотар .
НAПОМЕНА- кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата ќе биде дисквакификуван од натамошна постапка.
.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на огласот..

Административната селекцијa ќе ја спроведе Комисијата за селекција унапредување на припадник на затворска полиција во рок од 5 дена од денот на завршување на интерниот оглас.
-Интервјуто на кандидатите за унапредување кои ја поминале фазата на администртивната селекција се спроведува од страна на Комисијата за селекција за унапредување на припадник на зaтвоорска полиција во рок од 5 дена од завршување на фазата на административна селекција.

-Огласот ќе биде објавен на ВЕБ страната на Установата и на огласна табла .

ДИРЕКТОР
Реџеп Реџепи

Интерен оглас.pdf