25.10.2019

Интерен Оглас 02/2019

Врз основа на , член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), чл.2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен Весник на Република Македонија бр. 11/2015 и бр.35 од 23.02.2018 година) и добиено известување за обезбедени финансиски средства од Министерство за Финансии бр:18-6371/2; 18-6795/2 и 18-6799/2 од 15.08.2019 година, заведено под наш бр.04-8479/2 од 19.08.2019 година, согласно чл.30 ст.5 од Закон за Административни службеници, КПУ-Идризово Скопје со Отворено одделение во Велес објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 02/2019
За пополнување на следното работно место со унапредување:

1. Самостоен референт за Архивско работење, со шифра УПР 01 01 Г01 000 во Одделение за Општо Правни работи во сектор за Општо Правни Работи и јавни набавки– 1 (еден) извршител . (РАБОТНО МЕСТО СО ШИФРА- УПР 01 01 Г01 000)

Посебни услови за работното место:

- Стручни квалификации - ниво на квалификациите VA или ниво на квалификации IV според македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку Вишо или Средно образование- гимназиско или стручно образование ( Економска ,Правна и Трговска струка );
- Работно искуство, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- способност за тимска работа;

Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува 15.718,00 денари.

- На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во КПУ-КПД Идризово Скопје со отворено одделение во Велес, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани согласно Законот за административните службеници и актот за систематизација и тоа:

- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Дневно работно време е од 07.30/08.30 до 15.30/16.30 часот.
Работни Денови: Понеделник до Петок.
Неделно работно време : 40 (четириесет) часа.

Заинтересиранте административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Кпу-Идризово Скопје со Отворено одделение во Велес до Одделението за човечки ресурси.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена.

Исто така кандидатите во Пријавата за унапредување се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни,а доставените докази верни на оригиналот.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.
Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирано од Раководното лице на институцијата .
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

ДИРЕКТОР
Боби Мојсоски