05.11.2019

Интерен Оглас 03/2019 од 05.11.2019

Врз основа на член 31, чл.67 ст.1 алинеја 2, чл.78 ст.1 и ст.2, чл.415-а од Закон за Извршување на Санкции (Сл.весник 99/19 од 21.05.2019 год и Сл.вес. 220/19 од 25.10.2019 год ) и добиено известување за обезбедени финансиски средства од Министерство за Финансии бр:18-6371/2; 18-6795/2 и 18-6799/2 од 15.08.2019 година, заведено под наш бр.04-8479/2 од 19.08.2019 година, , КПУ-Идризово Скопје со Отворено одделение во Велес објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 03/2019
За пополнување на следните работни места со унапредување:

1.Постар затворски полицаец во Затворска полиција, ниво В2, со шифра ЗАТ 02 04 В02 001 –1(еден) извршител .

Посебни услови за работното место:
- Стручни квалификации - ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонска рамка на квалификации и најмалку 180 или 240 кредити стекнати според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование со најмалку две години работно искуство во струката.

Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност ;
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас.

2. Главен Командир во затворска полиција, ниво А3,со шифра ЗАТ 02 04 А03 001–1 (еден) извршител.

Посебни услови за работното место:
- Стручни квалификации- ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, со Работно искуство од најмалку 4 (четири) години во струката, од кои најмалку една година во казнено поправните и воспитно поправните установи.

Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност ;
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас.

- Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот.
На интерниот оглас може да се јави секој вработен во Затворска полиција кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на соодветното работното место.
Заинтересиранте поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата до архивата на Кпу-Идризово Скопје со Отворено одделение во Велес.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.
Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирано од Раководното лице на институцијата со посебно решение.

Доставено до
-Архива
-Одделение за Човечки ресурси
-Огласна Табла

ДИРЕКТОР
БОБИ МОЈСОСКИ