12.12.2019

Одлука за избор на кандидати по Јавен Оглас бр.04-12945/1 од 06.11.2019

Одлука за Избор (1).pdfОдлука за Избор.docОдлука за Избор.docx бр. 02-14883/1
датум:12.12.2019

Врз основа на чл.33 и чл.58-и од Закон за Извршување на Санкции („Службен весник на Република Македонија" број 2/2006, 57/10, 170/13, 43/14, 166/14, 33/15, 98/15, 11/16 и 21/18), Јавен Оглас бр.04-12945/1 од 06.11.2019 година, Одлука за Комисијата за Селекција бр.04-13946/1 од 26.11.2019 година, Записник од административна селекција бр.05-1/171/1 од 11.12.2019 година, Записник од работа на комисијата за селекција заради спроведување интервју, бр.05-1/170/1, бр.05-1/170/2, бр.05-1/170/3 и бр.05-1/170/4 од 11.12.2019 година, Предлог Одлука за избор на кандидати бр.04-14882/1 од 12.12.2019 година. директорот на КПУ Идризово Скопје донесе

О Д Л У К А
(За избор на кандидати по Јавен Оглас бр.04-12945/1 од 06.11.2019 година)

За пополнување на работното место од Јавниот оглас бр.04-12945/1 од 06.11.2019 година под реден бр. 1 Помлад надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување- Помошно стручен припадник на затворска полиција, категорија В, ниво В-4, со звање помлад надзорник, шифра ЗАТ 02 04 В04001 (1)извршител, се избира кандидатот :
-Џошкун Сулејман.

За пополнување на работното место од Јавниот оглас под реден бр. 2 Надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување - Помошно стручен припадник на затворска полиција, категорија В, ниво В-3, со звање надзорник, шифра ЗАТ 02 04 В03001 (11) извршители, се избираат кандидатите:
-Аднан Асанов
-Ебубекир Синани
-Агон Ислами
-Мусај Арифи
-Фуат Сулејмани
-Енвер Ајрулов
-Алмир Арифовиќ
-Игор Јовиќ
-Мунир Фијуљанин
-Александар Тасков
-Менде Дојчиновски

За пополнување на работното место од Јавниот оглас под реден бр.3 Постар Надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување- Помошно стручен припадник на затворска полиција, категорија В, ниво В-2, со звање Постар надзорник, шифра ЗАТ 02 04 В02001 2 (два)- извршители,.се избираат кандидатите
-Милан Јованов
-Ивица Талески

За пополнување на работното место од Јавниот оглас под реден бр. 4 Помлад соработник за внатрешно и надворешно обезбедување- Стручен припадник на затворска полиција, категорија Б, ниво Б-3, со звање Помлад соработник, шифра ЗАТ 02 04 Б03001 (3) извршители,се избираат кандидатите:
-Денис Каревски
-Кристијан Марковски
-Садри Бајрами

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Врз основа на објавен Јавен оглас за пололнување на работни места во затворска полиција бр.04-12945/1 од 06.11.2019 година објавен во дневните весници Нова Македонија,Слободен Печат, и Лајм, се формира Комисија за Селекција на кандидати бр.04-13946/1 од 26.11.2019 година, по што се спроведе постапка за административна селекција видно од Записник од административна селекција бр.05-1/171/1 од 11.12.2019 година при што се утврди дека на јавниот оглас се јавени вкупно 54 кандидати од кој уредни беа 54, и без неуредни кандидати, и сите кандидати преминаа во втора фаза на Интервју.
Комисијата за селекција на кандидати спроведе Интервју видно од Записник од работа на комисијата за селекција заради спроведување интервју, бр.05-1/170/1, бр.05-1/170/2, бр.05-1/170/3 и бр.05-1/170/4 од 11.12.2019 година, и состави ранг листа за секое работно место за кое објавен јавен оглас, при што достави предлог одлука за избор на кандидати бр.04-14882/1 од 12.12.2019 година и истата ја достави до директорот на установата.
Врз основа на приложената документација Директорот на КПУ-КПД Идризово Скопје со отворено одделение во Велес одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
По завршување на постапката за избор и правосилност на одлуката, за избраните кандидат ќе се донесе Решение за вработување и ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.
Правна поука: Против одлуката за избор незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Директор
Боби Мојсоски

Одлука за Избор.docx