22.02.2022

Одлука за спроведување на Јавна Набавка на посебни услови

бр.05-32/11-1
04-02-2022 година

Врз основа на член 31 од Законот за извршување на санкциите („Службен весник“ на Република Северна Македонија број 99/2019 и 220/2019 ),како и член 49 став 2 и член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник“ на Република Македонија број 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010 и 51/2011), член 77 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2019), в.д. директорот на Казнено поправната установа – казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес ја донесе следнава:

ОДЛУКА
За спроведување на јавна набавка на посебни услуги

Член 1
Предмет на јавната набавка е јавна набавка на обуки и семинари за вработените.

Член 2
За реализација на оваа набавка се планирани вкупно средства во износ до 700.000,00 (седумстотини илјади) денари без ДДВ, кои се обезбедени од сопствени приходи предвидени во финансискиот план за 2022 година и планирани во Планот за јавни набавки на Казнено поправната установа – казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес за 2022 година.
Оваа Одлука е со важност до донесување на Планот за јавни набавки за 2023 година.

Член 3
Јавната набавка на посебни услуги – набавка на обуки и семинари за вработените на Казнено поправната установа – казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес ќе се реализира врз основа на член 121 став 3 од Законот за јавните набавки и е делива.
При вршење на оваа набавка, Договорниот орган со цел да го почитува начелото на транспарентност, оваа Одлука ќе ја објави на својата web страна.
Поради специфичноста на предметот на набавката, се утврдуваат следниве правила при реализација на набавката, имајќи ја предвид вредноста на секоја поединечна обука или семинар:
-Обука или семинар со вредност до 3.000 евра без ДДВ во денарска противвредност ќе се спроведе врз основа на доставена покана за учество од страна на економскиот оператор, дозвола од директор за посета на обуката(согласно интерните акти) и фактура за извршените услуги.
Доколку вредноста на поединечната обука е над 3.000 евра без ДДВ во денарска противвредност, а се работи за специфична област која е од особен интерес за вработените на КПУ-КПД Идризово, ќе се спроведе постапка согласно член 121 став 2 од Законот за јавните набавки.

Член 4
Критериум по кој ќе се врши избор на најповолен понудувач е: најниска цена

Член 5
За спроведување на оваа Одлука се формира комисија за јавни набавки при Централниот регистар на Република Северна Македонија во состав претседател Владимир Арсовски, член Симона Басталиќ, член Жарко Ристовски и заменик претседател Виолета Тепеѓозова, заменици членови Сашо Николовски и Елка Вељановска, која се задолжува да ја спроведе постапката за избор на најповолен понудувач.

Член 6
Оваа Одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

Образложение
Во финансискиот план за 2022 година и Планот за јавни набавки на КПУ-КПД Идризово за 2022 година, за набавка на посебни услуги – набавка на обуки и семинари е предвиден износ од 700.000,00 (седумстотини илјади) денари без ДДВ, поради потребата за постојано стручно усовршување и едукација на вработените од Установата со цел да се овозможи понапредно функционирање, подобрување на квалитетот на извршувањето на услугите што ги нуди институцијата, како и усогласување на работењето со позитивните законски прописи.
Со оглед дека станува збор за специфични услуги кои во Република Северна Македонија се нудат од голем број економски оператори, од една страна и фактот дека не може однапред да се предвидат потребите на вработените од одреден вид семинар, од друга страна, КПУ-КПД Идризово одлучи да спроведе постапка согласно член 121 став 3 од Законот за јавните набавки, со објава на оглас за јавна набавка на својата web страна. Во објавениот оглас ќе се повикаат сите заинтересирани економски оператори да доставуваат покани до договорниот орган за обуките и семинарите кои истите ги организираат и истовремено ќе ги информира за потребата од набавка.
КПУ-КПД Идризово, врз основа на потребите и согласно интерните акти, по секоја доставена покана, ќе одлучи дали има потреба од учество на вработени во конкретна обука или семинар.
КПУ-КПД Идризово ќе ги информира економските оператори само доколку се одлучи одреден/и вработен/и да учествува/ат на организираниот семинар или обука односно нема обврска да го информира економскиот оператор доколку одлучи дека нема потреба од учество на вработен/и на обуката или семинарот организиран од тој економски оператор.
Со тоа се запазува начелото на транспарентност на постапката, но и начелото на конкуренција и сите останати начела предвидено во член 121 став 3 од Законот за јавните набавки.
Известувањата за спроведената постапка ќе се објавуваат квартално преку ЕСЈН.
Потребата од посета на обуки се однесува на следниве области:
- Сметководство, финансии
- Човечки ресурси
- Правни работи
- Јавни набавки
- Сектор за ресоцијализација
- Затворска полиција
- Останати области за кои ќе се јави потреба.
Критериум по кој ќе се врши избор на најповолен понудувач е најниска цена, при што може да се одлучи да се присуствува на одреден семинар или обука и во случај кога е поднесена само една покана за одредена тема од интерес на КПУ-КПД Идризово.
Поради сето претходно наведено, се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

Примерок од оваа одлука да се достави до:
-Комисија за јавни набавки
-Одделение за јавни набавки
- Сметководство
-Архива

КПУ-КПД Идризово
в.д. директор

_____________________
Реџеп Реџепи