13.11.2019

Одлуки за избор по Интерен Оглас 03/2019

Врз основа на член 31 и чл.79 ст.9 од Закон за Извршување на Санкции (Сл.весник 99/19 од 21.05.2019 год и 220/19 од 25.10.2019 год ) , директорот ја донесе следната

О Д Л У К А
За избор на кандидат за унапредување преку интерен оглас 03/2019 од 05.11.2019 година

Во врска со Интерниот оглас за унапредување 03/2019 година од 05.11.2019 година, за
за пополнување на работното место Главен Командир во затворска полиција, ниво А3,со шифра ЗАТ 02 04 А03 001–1 (еден) извршител се избира кандидатот Лазо Трпески.

О б р а з л о ж е н и е
Кпу Идризово Скопје со отворено одделение во Велес објави Интерен оглас за унапредување на припадници на Затворска полиција 03/2019 година од 05.11.2019 година, на веб страната на Установата, по што се донесе Одлука за формирање на комисија за Унапредување 02-13241/1 од 11.11.2019 година.
По спроведена постапка за административна селекција согласно Записник за административна селекција бр.05-1/159 од 12.11.2019 година, Комисијата спроведе интервју со кандидатот кој помина прва фаза за административна селекција, и утврди дека на огласот се јавиле три кандидати од кој еден уреден кандидат кој ги исполнува условите утврдени во огласот и со доставени докази за исполнување на условите од интерниот оглас за работното место и при што Комисијата го предложи како прво рангиран кандидат. Останатите два кандидати беа неуредни, односно немаа доставено докази за исполнување на условите за пополнување на работното место предвидено во интерниот оглас.
Согласно финална ранг листа и предлогот за одлука за прворангиран кандидат, директорот одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

Упатство за правно средство: Против оваа одлука може да се изјави жалба во рок од 8 дена од денот на приемот до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Доставено до:
-Именуваните
-Архива
-Одделение за човечки ресурси
ДИРЕКТОР
Боби Мојсоски

Врз основа на член 31 и чл.79 ст.9 од Закон за Извршување на Санкции (Сл.весник 99/19 од 21.05.2019 год и 220/19 од 25.10.2019 год ) , директорот ја донесе следната

О Д Л У К А
За избор на кандидат за унапредување преку интерен оглас 03/2019 од 05.11.2019 година

Во врска со Интерниот оглас за унапредување 03/2019 година од 05.11.2019 година, за
за пополнување на работното место Постар затворски полицаец во Затворска полиција, ниво В2, со шифра ЗАТ 02 04 В02 001 –1(еден) извршител се избира кандидатот Гоце Павлески.

О б р а з л о ж е н и е
Кпу Идризово Скопје со отворено одделение во Велес објави Интерен оглас за унапредување на припадници на Затворска полиција 03/2019 година од 05.11.2019 година, на веб страната на Установата, по што се донесе Одлука за формирање на комисија за Унапредување 02-12341/1 од 11.11.2019 година.
По спроведена постапка за административна селекција, Комисијата спроведе интервју со кандидатот кој помина прва фаза за административна селекција, и утврди дека на огласот се јавил еден уреден кандидат кој ги исполнува условите утврдени во огласот и при што го предложи како прво рангиран кандидат.