28.01.2020

О Д Л У К А (За избор на кандидати по Јавен Оглас за вработување на определено време бр.03-456/1 од 14.01.2020 од година)

бр. 02-1283/2
од 28.01.2020 година

Врз основа на чл.33 и чл.58-и од Закон за Извршување на Санкции („Службен весник на Република Македонија" број 2/2006, 57/10, 170/13, 43/14, 166/14, 33/15, 98/15, 11/16 и 21/18), Јавен Оглас бр.03-456/1 од 14.01.2020 година, Решение за Комисијата за Селекција бр.03-1022/1 од 24.11.2020 година, Записник од административна селекција бр.05-1/14 од 28.01.2020 година, Записник од работа на комисијата за селекција заради спроведување интервју, бр.05-1/15 од 28.01.2020 година, Предлог Одлука за избор на кандидати бр. од 28.01.2020 година. директорот на КПУ Идризово Скопје донесе

О Д Л У К А
(За избор на кандидати по Јавен Оглас за вработување на определено време бр.03-456/1 од 14.01.2020 од година)

За пополнување на работното место За пополнување на работното место од Јавниот оглас Помлад затворски полицаец- Помошно стручен припадник на затворска полиција, категорија Г, ниво Г-4, со звање помлад затворски полицаец, шифра ЗАТ 02 04 Г04 001 (10 )извршители, се избираат кандидатите:

1.Драган Ѓуриќ 5.Рушиди Шинаси 9.Миле Ташковски
2.Сами Бучи 6.Бујар Исмани 10.Сашо Станковиќ
3.Васе Голубовски 7.Бејтула Алија
4.Славчо Стојановски 8.Љупчо Кузмановски

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Врз основа на објавен Јавен оглас за пололнување на работни места во затворска полиција бр.03-456/1 од 14.01.2020 од година објавен во дневните весници Нова Македонија,Слободен Печат, и Лајм, се формира Комисија за Селекција на кандидати бр.03-1022/1 од 24.11.2020 година , по што се спроведе постапка за административна селекција видно од Записник од административна селекција бр.05-1/14 од 28.01.2020 година, при што се утврди дека на јавниот оглас се јавени вкупно 17 кандидати од кој уредни беа 16 кандидати, и еден неуреден кандидат.Сите уредни кандидати беа повикани и преминаа во втора фаза на Интервју.
Комисијата за селекција на кандидати спроведе Интервју видно од Записник од работа на комисијата за селекција заради спроведување интервју бр.05-1/15 од 28.01.2020 година година, и состави ранг листа за секое работно место за кое објавен јавен оглас, при што достави предлог одлука за избор на кандидати бр..............од 28.01.2019 година и истата ја достави до директорот на установата.
Врз основа на приложената документација Директорот на КПУ-КПД Идризово Скопје со отворено одделение во Велес одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
По завршување на постапката за избор и правосилност на одлуката, за избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.

Правна поука: Против одлуката за избор незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Директор
Боби Мојсоски

______________________