20.08.2021

ПОЛИТИКА НА ЧИСТ ЕКРАН И ЧИСТО БИРО

ПОЛИТИКА НА ЧИСТ ЕКРАН И ЧИСТО БИРО

АВГУСТ 2021 СКОПЈЕ

Бр-01-9411/1 од 18.08.2021 год.
Врз основа на член 31 од Закон за извршување на санкции ( Службен Весник на Р.Македонија бр. 99/2019 и 220/2019 ) член 49 став 2 и член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа , и член 33 од Правилникот за безбедност на обработка на лични податоци ( Сл.Весник на Р.С.М бр. 122 / 2020 ) , Директорот на КПУ-КПД Идризово донесе:

ПOЛИТИКА НА ЧИСТ ЕКРАН И ЧИСТО БИРО

. 1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член1
Со овој Правилник се пропишува начинот на чување и уништување на документи кои содржат лични податоци и начинот на бришење , чистење и уништување на медиуми кои се користеле при обработка на личните податоци од страна на КПУ-КПД Идризово со Отворено оддечение Велес ( во натамошен текст КПД-КПУ Идризово ) .
.
Член 2
Документоите од член 1од овој правилник се уништуваат со уред за ситнење ( шредер ) при што истите повторно не можат да бидат употребени.
Во случај на уништување документи комисиски се составува записник кои задолжително ги содржи сите податоци за целосна идентификација на документот кој се уништува , како и за категориите на лични податоци кои ги содржат.
Одредбите од овој член се применуваат и при уништување на копиите или умножените документи.
.
Член 3
Плакарите (ормарите ) картотеките и другата опрема во КПУ-КПД Идризово во која се чуваат документите кои содржат лични податоци се сместени во просториите заклучени со заштитни механизми . Тие простории се заклучени и во време кога документите не се обработуваат од овластените лица во КПУ-КПД Идризово.
. .
Член 4
По пренесувањето на личните податоци од медиумот или по истекот на определениот рок за нивно чување , медиумот се уништува , се брише или се чистиод личните податоци кои биле снимени на него.
Уништувањето на медиумот се врши на начин кој ќе гарантира дека податоците кои биле снимени на него не можат повторно да бидат реконструирани односно од механичко разделување на неговите делови , при што истиот повторно не може да биде употреблив.
Бришењето или чистењето на медиумот се врши на начин што оневозможува понатамошно обновување на личните податоци кои биле зачувани на медиумот.
За случаите од став 2 и став 3 од овој член Комисијата обезбедува информациска трага (записник )кој ги содржи сите податоци за целосна идентификација на медиумот , како и за категориите на лични податоци снимени во истиот.

Член 5
Овој правилник влегува во сила со денот на негово донесување а ќе се објави на веб страната на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес .

ДИРЕКТОР
Број_____________ Јовица Стојановиќ
Скопје