20.08.2021

ПРАВИЛА ЗА ПРАВОТО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ОД СТРАНА НА СУБЈЕКТОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ПРАВИЛА ЗА ПРАВОТО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ОД СТРАНА НА СУБЈЕКТОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

АВГУСТ 2021 СКОПЈЕ

Бр.01-9410/1 од 18.08.2021 год.

Врз основа на членовите 19, 20, 21, 22, 25 и 26 Законот за заштита на лични податоци (Сл.Весник на Р.С.М бр. 42 од 2020) и член 31 Законот за извршување на санкции , Директорот на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес донесе:

ПРАВИЛА ЗА ПРАВОТО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ОД СТРАНА НА СУБЈЕКТОТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Цел

Член1
Со овие Правила се дефинира постапката за пристап на субјектот на личните податоци до сопствените лични податоци кои ги обработува КПУ-КПД Идризово со отворено одделение Велес за соодветни потреби согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци, како и нивна исправка и бришење.

Подрачје на примена
Член 2
Овие Правила се применуваат за лични податоци со кои располага КПУ-КПД Идризово и кои се содржани во збирките на лични податоци кои се пријавени во електронскиот регистар на збирки на лични податоци кој го води Агенцијата за заштита на личните податоци.

Права на субјектот на лични податоци
Член 3
Субјектот на лични податоци:
1. Има право да добие од КПУ-КПД Идризово потврда дали се обработуваат неговите лични податоци и доколку се обработуваат да добие пристап до личните податоци ,како и до следните инфотмации:
- Целите на обработка;
- Категориите на лични податоци кои се обработуваат;
- Категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци,
- Предвидениот рок за кој се чуваат личните податоци,
- Постоењето на право да се бара исправка или бришење на личните податоци,
- Кога личните податоци не се собираат од субјектот на лични податоци изворот на истите,
- Дали неговите лични податоци се пренесуваат во трети земји или меѓународни организации.
2. Има право на исправка на неговите лични податоци во рок од 15 дена од поднесување на барање до КПУ-КПД Идризово (Образец – Барање за пристап или исправка на лични податоци кој е составен дел на овие Правила),
3. Има право да побара од КПУ-КПД Идризово да ги избрише неговите лични податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето (Образец – Барање за пристап или исправка на лични податоци кој е составен дел на овие Правила ) ако е исполнет еден од следните услови:
- Личните податоци веќе не се потребни за целите за кои биле собрани;
- Субјектот на личните податоци ја повлекува согласноста за нивна обработка;
- Субјектот на личните податоци поднел приговор на обработката на личните податоци согласно Закон;
- Личните податоци биле незаконски обработени.

Постапка
Член 4

Субјектот на личните податоци за пристап до личните податоци или нивна исправка или бришење доставува до КПУ-КПД Идризово барање електронски или во архивата (Образец – Барање за пристап или исправка на лични податоци кој е составен дел на овие Правила ).
Доставеното барање од субјектот на личните податоци го разгледува и по него постапува офицерот за заштита на личните податоци и овластеното лице во КПУ-КПД Идризово кое има пристап и ги обработува личните податоци на субјектот.
Врз основа на поднесеното барање, субјектот добива одговор на содржината на неговиот интерес, му се дозволува пристап или исправка на личните податоци, му се објаснува процесот на обработка на податоците и слично. Одговорот на барањето за пристап до личните податоци се доставува до субјектот на личните податоци електронски или во материјална форма во рок од 15 дена од денот на прием на барањето, додека одговорот на барањето за измена или бришење на личните податоци се доставува до субјектот на лични податоци електронски или во материјална форма во рок од 30 дена од денот на прием на барањето.

Преодни и завршни одредби

Член 5
Овие правила влегуваат во сила со денот на нивното донесување и истите ќе се објават на веб страницата на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес. .

Скопје ДИРЕКТОР
12.08.2021год Јовица Стојановиќ

Подготвил:
В. Тепеѓозова

Образец – Барање за пристап и исправка на лични податоци

БАРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

1. Јас . од , како субјект на личните податоци, барам од КПД Прилеп да ме информира за следново ( одбери од долу наведеното ):
- Дали се врши обработка на мои лични податоци;
- Кои се целите и прваната основа на обработка на моите лични податоци;
- Корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат моите лични податоци;
- Кој е изворот на личните податоци кои не се дадени од мене;
- За логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз мене;

Одговорот во врска со толка 1 од ова барање може да ми биде доставен на следната
адреса , или е-маил адреса .

Барател Датум

. .

2. Јас . од , како субјект на личните податоци, барам од КПУ-КПД Идризово да го дополни, измени, избрише или сопре користењето на моите лични податоци и тоа:
.

.

.

.

Одговорот во врска со толка 1 од ова барање може да ми биде доставен на следната
адреса , или е-маил адреса .

Барател Датум

. .

Напомена : Правото на субјектот на лични податоци од точка 1 од ова Барање е предвидено во член 19 од важечкиот ЗЗЛП и КПУ-КПД Идризово е должен да одговори во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. Правото на субјектот на лични податоци од точка 2 од ова Барање е предвидено во членовите 20, 21 и 22 од важечкиот ЗЗЛП и контролорот е должен да одговори во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.