20.08.2021

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР ВО КПУ КПД ИДРИЗОВО СО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕС

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР ВО КПУ КПД ИДРИЗОВО СО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕС

АВГУСТ 2021 СКОПЈЕ

Бр. 01-9450/1 од 19.08.2021година
Врз основа на член 1 и член 90 став 2 од Законот за заштита на лични податоци ( Сл.Весник на Р.С.М бр. 42 од 2020 ) и Законот за извршување на санкции , Директорот на КПУ-КПД Идризово донесе:

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО-НАДЗОР ВО КПУ-КПД
ИДРИЗОВО СО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член1
Со овој Правилник се пропишува содржината и формата на актот за начинот на вршење на видео надзор во КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес

Член 2
Одредбите од овој Правилник се применуваат и при обработка на личните податоци преку вршење на видео надзор од страна на обработувачот на збирка на лични податоци.
2. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 3
Системот за вршење на видео надзорот е составен од 2 дела и тоа :
- REKORDER за камери
-КАМЕРИ ЗА ВИДЕО НАДЗОР
Член 4
Целите на обработка на личните податоци преку вршење на видео надзорот се утврдени согласно Законот за заштита на лични податоци ,утврдени со овој правилник се:
-заштита на животот или здравјето на луѓето
-заштита на сопственоста
-заштита на животот или здравјето ан вработените поради природата на работите или
-обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.
Член 5
1. Контролорот КПУ-КПД Идризово задолжително врши анализа на целите за кои се поставува видео надзорот пред започнување на воспоставување на системот за вршење на видео надзор ,
2. Анализата од ставот ( 1 ) на овој член ги содржи причините за поставување на видео надзорот со образложение на потребата за исполнување на целта , односно целите во смисла на одредбите на член 90 од Законот за лични податоци , како и описот на движни и недвижни ствари кои ќе се заштитуваат со поставување на видео надзор.
3. Контролорот врши периодична оценка на постигнатите резултати од системот за вршење на видео надзорот на секои 2 години , а осебено за :
-понатамошната потреба од користење на системот за вршење на видео надзор,
-целта , односно целите за вршење на видео надзор и ;
-можните технички решенија за замена на системот за вршење на видео наздорот .
4.Од извршената оценка од став 3 од овој Правилник контролорот изготвува
извештај кој е составен дел на докумемтацијата за воспоставување на системот на вршење надзор.
5. Во извештајот од став 4 од овој член од Правилникот се внесуваат статистичките показатели за пристап до снимките направени при вршењена видео надзорот, како и начинот на искористување на снимките.
KATEГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, ДАВАЊЕ И ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОБРАБОТЕНИ ПРЕКУ СИСТЕМОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР
Член 6
1." Личен податок" е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно , посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички,физиолошки , ментален, економски, култерен или социјален идентитет.
2. "Збирка на лични податоци" е структуирана група на лични податоци која е достапна согласно специфични критериуми без оглрд дали е централизирана, децентрализирана или распространета на функционална или географска основа.

3. "Посебни категории на лични податоци" се лични податоци кои ги откриваат расното или етничкото потекло,политичко, верско,филозовско или друго уверување , членство во синдикална организација и податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето , вклучувајки ги и генетските податоци , биометриските податоци или податоци кои се однесуваат на сексуалниот живот или сексуална ориентација. .

Член 7
Личните податоци се:
-се обработуваат согласно закон;
-се собират за конкретни, јасни и легитимни цели и се обработуваат согласно тие цели. Натамошната обработка на податоци за историски, наулни или статоистички истражувања нема да се смета дека не се во согласност со првичните цели за собирање на податоците доколку се превземени соодветни заштитни мерки во согласност со закон;
-соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат
-точни каде што е потребно ажурирани при што ќе се превземат сите мерки за бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни , имајки ги во предвид целите заради кои биле собрани или обработени
-чувани во форма што овозможува идентигикација на субјектот на лични податоци , не подолго од што е потребно да се исполнат целите заради кои податоците се собрани за натамошна обработка
Личните податоци можат да чуваат подолго од нивниот рок ан чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерс, научни или историски истражувања или за статистички цели.
За квалитетот на личните податоци согласно став 1 на овој член одговарен е конролорот.
Член 8
Обработката на лични податоци може да се врши;
-субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на личните податоци,
-за исполнување на законската обврска на контролорот
утврдени со закон ,
-за исполнување на легитимните интереси на контролорот или на трето лице освен ако таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектот на личните податоци кои бараат заштита на личните интереси особено кога субјектот на личните по-за заштита на суштинските интереси на субјектот на лични податоци или на друго физичко лице,
-за извршување на работи од јавен интерес или за вршење на јавно овластување на контролорот датоци е дете.
Член 9
Обработката на личните податоци кои се однесуваат на кривични дела или дела кој се поврзани со заштитните мерки се врши под контрола на надлежен орган на државна власт или кога обработката е дозволена со закон во која се утврдени соодветни мерки за заштита на во согласност со прават и слободите на субјектите на личните податоци.

ТЕХНИЧКИТЕ И ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ОБРАБОТКА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРЕКУ СИСТЕМОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР
Член 10
1.Контролорот ( КПУ-КПД Идризово) задолжително ги определува техничките и организационите мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци преку системот за вршење на видео надзор, согласно Правилникот за безбедност на обработка на личните податоци.
2. За пристапот и и увидот до личните податоци обработени преку системот на вршење на видео надзорот контролорот задолжително води евиденција која мора да ги содржи следните податоци:
-име и презиме на овластеното лице,
-датум и време на пристапување,
-цел на пристапување,
-датум и час кога е наоравена снимката кон која се пристапува,
-датум и време , назив и седиште на корисникот ан кого му е дадена снимката од видео надзор,
-вид на медиум во кој е содржана снимката од видео надзорот.

ОВЛАСТЕНИ ЛИЦА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ПРЕКУ СИСТЕМОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР
Член 11
1. Пристап и увид до личните податоци обработени преку системот за вршење ан видео надзор имаат само овластени лица чие овластување е дадено директно од Функционерот кои раководи со КПУ -КПД Идризово.
2. Овластените лица за обработка на лични податоци пред отпочнување со работа своерачно потпишуваат" Изјава за тајност и заштита на личните податоци преку системот за вршење на видео надзор" .
3.Изјавата е составен дел на актот на вршење на надзорот

Член 12
РОК НА ЧУВАЊЕ НА СНИМКИТЕ ОД ВИДЕО НАДЗОРОТ
Снимките направени при вршење на на видео надзорот се чуваат до исполнување на целта ,односно целите за кои се врши , но не подолго од 30 дена при што истите по истекот на рокот се бришат од медиумот на кој се чуваат.
Снимките од видео надзор може да се чуваат подолг временски период од периодот наведен од ставот 1 од овој член ако е потребно согласно законот , но не подолго од времето потребно за исполнување на целта.

Член 13
Контролорот на видливо и јавно место истакнува Известување дека се врши видео надзор во смисла на член 89 став 3 од Законот за заштита на лични податоци
Образецот за известување е составен дел од овој правилник .

Член 14
Планот каде е поставен системот за вршење на видео надзор графички е прикажан како анекс на актот.
Планот од став 1 е составен дел од овој правилник.

Член 15
Контролорот (КПУ-КПД Идризово )задолжително ја определува техничката спецификација на опремата со која ќе се врши видео надзор , особено бројот на камерите, резолуциите и квалитет на сликата , видот на камерите , бројот и идентификација на работните страници со кои се пристапува до системот на видео надзор , како и бројот на идентификациона опрема со која се врши водео надзорот.

Член 16
Со денот на донесување на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот на вршење на видео надзор заведен под бр. 03-4477/1 од 10.04.2013год.
Овој Правилник влегува со денот на неговото донесување и истиот ќе биде објавен на веб страната на установата..

Скопје ДИРЕКТОР
22.07.2021год Јовица Стојановиќ