20.08.2021

ПРАВИЛНИК ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ПРАВИЛНИК ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

АВГУСТ 2021 СКОПЈE

Бр. 01-9414/1 од 18.08.2021год.

Врз основа на член 31 од Закон за извршување на санкции ( Службен Весник на Р.Македонија бр. 99/2019 и 220/2019 ) член 49 став 2 и член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа , и член 43 од Законот за заштитс на лични податоци ( Сл.Весник на Р.С.М бр. 42 / 2020 ) , Директорот на КПУ-КПД Идризово донесе:

ПРАВИЛНИК ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ОБРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

. 1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член1
Со овој Правилник се определуваат обврските и одговорностите на овластеното лице за заштита на лични податоци ( натамошниот текст Офицерот за заштита на лични податоци ) во КПУ-КПД Идризово со Отворено оддечение Велес ( во натамошен текст КПД-КПУ Идризово ) .
.
Член 2
Согласно член 41 став 5 од Законот за заштита на лични податоци за Офицер за заштита на лични податоци може да се избере лице кое ги исполнува следниве услови:
-ги исполнува условите за вработување определени со овој или со друг закон
-активно го користи македонскиот јазик
-во моментот на определување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
-има завршено високо образование
-има стекнати знаења и вештини во практиките и прописите за заштита на личните податоци согласно со одредбите од овој закон.
Офицерот за заштита може да биде вработен кај контролорот или обработувачот или да ги извршува работите врз основа на договор на услуги .

.
Член 3
Офицерот за заштита на личните податоци ги врши следните работи:
- ги информира и советува контролорот или обработувачот и вработените кои вршат обработка соодветно на нивните обврски според одредбите од овој закон,
-ја следи усогласеноста со овој закон , со другите засегнати закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци во Р. Северна Македонија , како и со политиките на контролорот или обработувачот во однос на заштита на личните податоци, вклучувајки расределување на одговор ности, подигнување на свеста и обучување на вработените кои што учествууваат во операции на обработка, како и вршење на ревизии за заштита на личните податоци,
- каде што е потребно , дава совети во однос на проценката на влијанието на заштитата на личните податоци и го следи извршувањето на проценката во согласност со чл.39од овој закон,
-соработува со Агенцијата,
-дејствува како контакт точка за Агенцијата во однос на прашањата поврзани со обработка, вклучувајки ја претходната консултација од членото 40 од овој закон , како и советување според потребите за сите други прашања
. .
Член 4
При извршувањето на своите работи, Офицерот за заштита на лични податоци ги зема во предвид сите ризици поврзани со операциите на обработка , како и природата, обемот и контекстот и целите на обработка.

Член 5
Овој правилник влегува во сила со денот на негово донесување а ќе се објави на веб страната на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес .

Изработил-В.тепеѓозова

ДИРЕКТОР
Број_____________ Јовица Стојановиќ
Скопје 13.08.2021 год