18.11.2021

ПРАВИЛНИК ЗА ПРAВЕЊЕ НА СИГУРНОСНА КОПИЈА , АРХИВИРАЊЕ И ЧУВАЊЕ , КАКО И ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ НА ЗАЧУВАНИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ПРАВИЛНИК ЗА ПРAВЕЊЕ НА СИГУРНОСНА КОПИЈА , АРХИВИРАЊЕ И ЧУВАЊЕ , КАКО И ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ НА ЗАЧУВАНИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

НОЕМВРИ 2021 СКОПЈЕ

Бр.01-13282/1 од 12.11.2021 година.

Врз основа на член 31 од Закон за извршување на санкции ( Службен Весник на Р.Македонија бр. 99/2019 и 220/2019 ) член 32 од Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РСМ бр. 42/20 ) а во врска со Правилникот за безбедност на обработка на лични податоци ( Сл.Весник на Р.С.М бр. 122 / 2020 ) , контролорот за заштита на лични податоци КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес донесе:
ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПРАВЕЊЕ НА СИГУРНОСНА КОПИЈА АРХИВИРАЊЕ И ЧУВАЊЕ , КАКО И ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ НА ЗАЧУВАНИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

. 1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член1
Со овој Правилник се определуваат начинот на правење на сигурносна копија архивирање и чување , како и повторно враќање на зачуваните лични податоци предмет на обработка на КПИ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес ( во натамошен текст КПД-КПУ Идризово )
Член 2
КПУ-КПД Ирдизово врши редовно снимање на сигурносната копија и архивирање на податоците во системот , за да се спречи нивно губење или уништување. Затаа цел се користи сервер ( сервер на подршка ) во кој веднаш по обработка на документите за лични податоци се креира резерван копија на обработените лични податоци , во случај на пад на комјутерскиот систем или негово оштетување од било која причина ,сите податоци остануваат сочувани во надворешниот hard disk.
.
Член 3
Koмпјутерите во КПУ-КПД Идризово се поврзани со надворешен hard disk така што истите податоци веднаш се пренесуваат и на овој hard disk и се врши нивно снимање.
Член 4
Сигурносните копии се прават на крајот на секој работен ден и ан крајот на работната седмица , а по потреба и секој последен ден во месецот. Сигурносните копии се прават на начин со кој се гарантира постојаната можност за реконструирање на личните податоци во состојба во која биле пред да бидат изгубени или уништени.
Koнтролорот задолжително ја проверува функционалноста на сигурносните копии за вршење на реконструкција на личните податоци.
Член 5
Поради заштита од неовластен пристап , серверот во кој е сместена сигурносната копија на сите снимени податоци е сместен во безбеден простор до кои имаат пристап само администраторот на информацискиот систем и офицерот за заштита на лични податоци.

Член 6
При повторно враќање на на личните податоци се врши евидентирање на таквото враќање на податоците и категоријата ана податоци која се враќа.
За враќање на личните податоци се составува записник во кои се наведува лицето кое го врши враќањето , времето и категоријата на личните податоци.
Член 7
Овој правилник влегува во сила со денот на негово донесување а ќе се објави на веб страната на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес .

ДИРЕКТОР
Скопје Јовица Стојановиќ
13.11.2021
Изработил-В. Тепеѓозова