07.10.2021

Решение за назначување на лице за надворешно пријавување

04-11425/2

Врз основа на член 31 од Законот за извршување на санкции (Службен весник на РСМ бр. 99/2019 и 220/2019 )член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државна управа (Службен весник на РСМ бр. 58/00, 44/02, 82/08,167/10 и 51/11 )член 2 став 1 и член 3 од Правилникот за заштитено надворешно пријавување во институциите во јавен сектор (Службен весник на РМбр. 46/16 ) член 3 од Упатството за прием на пријави од укажувачи , издвојување и обработка на податоци од пријавите и обезбедување на заштита на личните податоци и други податоци на укажувачите во Казнено-поравна установа казнено поправен дом Идризово со Отворено одделение Велес бр. 04-11425/1 од 07 .10.2021 година , а во врска со член 5 од Законот за заштита на укажувачите (Службен весник на РСМ бр. 196/15 и 35/18, и Сл . Весник на РСМ бр. 257/20 ) Директорот на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес донесе

Р Е Ш Е Н И Е

за назначување на лице за прием на пријави доставени заради заштитено надворешно пријавување

1. Се назначува и овластува лицето Јовчевски Горан вработен во КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес на работно место Помлад соработник во затворска полиција за овластено лице за за прием на пријави доставени од укажувачи заради заштитено надворешно пријавување .. Овластеното лице може да се контактира на адреса ул.1 бр.4АКолонија Идризово 1000 Скопје, телефон 070-335-914 или на еmailprijava@kpuidrizovo.gov.mk.

2.Лицето овластено за прием од пријави заради заштитено надворешо пријавување е должно
- да постапува по пријавувањето со почитување на процедурите утврдени со актот за надворешно пријавување,
-да ги заштитува личните податоци на укажувачот , односно податоци кои можат да го откријат идентитетот на укажувачот кои пријавува анонимно или доверливо, согласно прописите за заштита на личните податоци,
-да го информира укажувачот за превземените мерки во врска со пријавата без одлагање а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата.

3. Решението влегува во сила со денот на донесување.

Образложение

Согласно член 5 од Законот за заштита на укажувачи (Службен Весник на РМ бр.196/15 и 35/18 и 257/20 ) и член 2 став 1и член 3 од Правилникот за заштитено надворешно пријавување член 3 од Упатството за прием на пријави од укажувачи , издвојување и обработка на податоци од пријавите и обезбедување на заштита на личните податоци и други податоци на укажувачите во Казнено-поравна установа казнено поправен дом Идризово со Отворено одделение Велес бр.04-11425/1 oд 07.10.2021 година, Директорот на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес донесе Решение со кое определи овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено надворешно пријавување кои согласно одредбите од Законот за заштита на укажувачи како и процедурите утврдени со актот за надворешно пријавување до постапи по пријавувањето со почитување на процедурите за надворешно пријавување, да ги заштити личните податоци на укажувачите , односно податоците кои можат да го откријат идентитетот на укажувачот кои бара да биде анонимен или пријавува доверливо , согласно со прописите на заштита за личните податоци, да го информира укажувачот кое е познат на превземените мерки во врска со пријавата без одлагање , најдоцна во рок од 15 дена од денот на пријавата.

Врз основа на горенаведеното , Директорот на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес одлучи како во диспозитивот на ова решение.

Праван поука- Против ова Решение именуваниот има право на жалба до Државна Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 8 дена од денот на приемот.

Доставено до :
-овластено лице
-веб страната на институцијата
-Државна комисија за спречување на корупција
-архива

ДИРЕКТОР
Јовица Стојановиќ