03.08.2021

Решение за назначување на лице за прием на пријави од укажувачи , издвојување и обработка на податоците од пријавите и обезбедување на заштита на личните податоци и други податоци од укажувачите

8970/1 од 30.07.2021

Врз основа на член 31 од Закон за извршување санкции (Службен весник на РСМбр. 99/2019 и 220/2019 ) член 55 став 2 од Закон за организација и работа на органите на државна управа ( Сл. весник на РМ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10,и 51/11 ) член 2 став1 и член 3 од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавен сектор (Сл.весник на РМ бр. 46/16 ) член 3 од Упатството за прием на пријави од укажувачи, издвојување, и обработка на податоци од пријавите и обезбедување на заштита на лични податоци и други податоци на укажувачите на Казнено-поправна установа казнено-поправен дом Идрозово со Отворено одделение Велес 8969/1 од 30.07.2021година а во врска со член 4 од Закон за заштита на укажувачите ( Службен весник на РМ бр. 196/15 и 35/18) Директорот на КПУ-КПД Идризово со отворено одделени Велес донесе:

РЕШЕНИЕ

за назначување на лице за прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоците од пријавите и обезбедување на заштита на личните податоци и други податоци од укажувачите

1. Се назначува и овластува лицето Јовчевски Горан вработен во КПУ-КПД Идризово со отворено одделение Велес на работно место Помлад соработник во затворска полиција за овластено лице за прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоци од пријавите и обезбедување на заштита на личните и другите податоци на укажувачите. Овластеното лице може да се контактира на адреса ул.1 бр. 4А Колонија Идризово , 1000 Скопје, телефон- 070-335-914 или на email :prijava@kpuidrizovo.gov.mk

2.Лицето овластено за прием на пријави од укажувачи е должно;
-да постапува по пријавувањето со почитување на процедурите утврдени со актот за внатрешно пријавување,
-да ги заштитува личните податоци на укажувачите, односно податоци кои можат да го откријат идентитетот на укажувачот кои бара да биде анонимен или пријавува доверливо , согласно со прописите за заштита на личните податоци,
-да го информира укажувачот кој е познат за превземените мерки во врска со пријавата без одлагање , а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата.
3. Решението влегува во сила со денот на донесување.

Образложение

Согласно член 4 од Законот за заштита на укажувачите (Сл.весник на РМ БР. 196/15 И 35/18 ) и член 2 став 1 и член 3 од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавен сектор ( Службен весник на РМ бр. 46/16 ) член 3 од Упатството за прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоците од пријавите и обезбедување на заштита на личните податоци и другите податоци на укажувачите на КПУ-КПД Идризово со отворено одделение Велес бр.8969/1 од 30.07.2021година, Директорот на КПУ-КПД Идризово донесе решение со кое определи овластено лице за прием на пријави од укажувачи кои согласно одредбите од Законот за заштита на укажувачи како и процедурите утврдени со актот за внатрешно пријавување да постапува по пријавувањето со почитување на процедурите за внатрешно пријавување , да ги заштитува личните податоци на укажувачите, односно податоците кои можат да го откријат идентитетот на укажувачот кој бара да биде анонимен или пријавува доверливо , согласно со прописите за заштиа на личните податоци , да го информира укажувачот кој е познат на превземените мерки во врска со пријавата без одлагање , најдоцна во рок од 15 дена од денот на пријавата.

Врз основа на горенаведеното Директорот на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Правна поука- Против ова решение именуваниот има право на жалба до Државна комисија за одлучување во управа постапка и постпак од работен однос во втор степен во рок од 8 ддена од денот на приемот

ДОСТАВЕНО ДО :
-овластено лице,
-веб страна на установата
-Државна комисија за спречување на корупција
-архива

ДИРЕКТОР
Јовица Стојановиќ