03.08.2021

Упатство за прием на пријави од укажувачи , издвојување и обработка на податоците од пријавите и обезбедување на заштита на личните податоци од пријавите и обезбедување на заштита на личните податоци и други податоци на укажувачит

Врз основа на член 31 од Закон за извршување санкции (Службен весник на РСМбр. 99/2019 и 220/2019 ) член 55 став 2 од Закон за организација и работа на органите на државна управа ( Сл. весник на РМ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10,и 51/11 ) член 2 став 4 од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавен сектор (Сл.весник на РМ бр. 46/16 ) Директорот на КПУ-КПД Идризово со отворено одделени Велес донесе:

У П А Т С Т В О

за прием на пријави од укажувачи , издвојување и обработка на податоците од пријавите и обезбедување на заштита на личните податоци од пријавите и обезбедување на заштита на личните податоци и други податоци на укажувачите

1. Општи одредби

Член 1
Со ова упатство се пропишува начинот и постапката за прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоците од пријавите и превземање на мерки за обезбедување на заштита на личните податоци и други податоци на укажувачите и пријави од укажувачите во установата Казнено-поправна установа Казнено-поправен дом Идризово со Отворено одделение Велес ( во натамошниот текст установата ) ,
. Член 2

Укажувач може да биде секое лице кое :
-има засновано работен однос на неопределено или определено време во установата
-е кандидат за вработување, кандидат за волонтер, или практикант во установата,
-по било кој основ е или било ангажирано за извршување на работата во установата.
-по било кој основ е или било во деловен однос или друг однос на соработка со институцијата,
-користи или користело услуги на институцијата,.

Член 3

Директорот на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес (во понатамошниот текст директорот )назначува овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување (во понатамошниот текст овластено лице ) на кое му се обезбедува независност и непреченост во работата.
Овластеното лице врши прием и заведување на пријавата, проценка на содржината на пријавата, известување до Директорот, проследување на пријавата службеното лице во институцијата , односно надлежната институција , изготвување на известување на поднесителот на поднесителот на пријавата и архивирање.
Службеното лице во институцијата е лице надлежно за постапување во областа по која се однесува пријавата и иазготвување на извештај за превземени мерки.
Овластувањето од став 2 содржи податоци за име и презиме , работно место и телефонски број на овластеното лице, поштенска адреса и адреса на електронска пошта за прием на пријави.
Податоците од овој став се објавуваат на веб страната на установата.

Член 4

Директорот на овластеното лице од член 3 на ова упатство му обезбедува простор и опрема пропишана во член 4 став 3 од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите од јавен сектор.

II. НАЧИНОТ НА ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОСТАПКА ПО ПРИЈАВИ ОД УКАЖУВАЧИ

Член 5

Укажувачот со добра намера врши заштитено внатрешно пријавување со поднесување пријава и тоа
-во писмена форма (лично или препорачано по пошта )
-по електронски пат преку електронско сандаче
-усно на записник пред овластено лице,

Пријават во писмена форма или на записник укажувачот ја поднесува до овластеното лице само во текот на работното време.
Укажувачот не е должен да ја докажува добрата намера и вистинитоста на поднесената пријава.
Член 6

Доколку пријаваат е дадена усно , овластеното лице составува записник со следните податоци:
а)-податоци на укажувачот - ако истиот е познат
-име и презиме.
-категорија на лица на која припаѓа укажувачот согласно Законот за заштита на укажувачи.
-барање од укажувачот да остане доверлив и степенот до кој тоа го бара,
б)податоци на лицето против кој укажувачот пријавува
в) опис на незаконитото постапување
г) предложени од укажувачот начинот и форма на комуникација со овластеното лице
д) прилози,
ѓ) датум и место на прием на пријава
Заради совпаѓање на содржината на усната пријава, записникот го потпишуав укажувачот и овластеното лице и истиот се заведува како примена пријава , а по барање на укажувачот , може да му биде дадена копија од записникот.

Член 7
Доколку пријавата е доставена во електронска форма , овластеното лице го печати записникот и го заведува како примена пријава.
Ако кон пријавата има прилози овластеното лице може да одлучи да ги чува само во електронска форма доколку печатењето е неекономично.

Член 8

Заведувањето на примената пријава овластеното лице ја врши со ставање приемен штембил и евидентирање во посебен деловодник .
Документите поврзани со заштитеното внатрешно пријавување се чуваат заклучени во посебен изготвен ормар кои се наоѓа во просторија во установата.

Член 9

Овластеното лице истиот ден по приемот ја заведува пријавата со сите прилози, ја разгледува , проучува и врши проценка на нејзината содржина.
Доколку овластеното лице утврди дека примената пријава не се однесува на пријава од укажувач, за истото веднаш во предметот става забелешка и ја евидентира во посебен деловодник.
Овластеното лице задржува копија од оформениот предмет,а оргиналите (пријава и приложени документи ) во рок од еден ден ги доставува до писарницата на надлежната институција за што без одлагање писмено го известува подносителот на пријавата доколку е познат.
По доставувањето на дописот и евентуалното известување од став 3 овластеното лице врши архивирање на предметот.

Член 10

По приемот и заведување на пријавата , овластеното службено лице врши проценка дека поднесената пријава е логична и разумна и содржи доволно елементи за да биде проследена за понатамошно постапување и во рок од 1 ден донесува заклучоци за понатамошно постапување по пријавите кои се однесуваат на надлежноста односно надлежност на институцијата за постапување по пријавата и превземање на соодветни мерки за постапување по пријавата.
Во вршење на проценката од ставот1 на овој член овластеното лице може да побара дополнителни информации од укажувачот доколку е познат како и да се консултира со други лица а притоа да внимава на заштита на идентитетот на укажувачот.
За наводите од содржината на пријавата и заклучоците од ставот 1 од овој член овластеното лице без одлагање го известува Директорот освен докулку констатира дека пријавата е насочена против Директорот.
Доколку пријавата е насочена против Директорот овластеното лице во рок од 1 ден подготвува допис со кои пријавата и приложените документи ги проследува до надлежните институции за што без одлагање писмено го известува подносителот на пријавата доколку е познат.

Член 11

Овластеното лице кога ќе процени дека поднесената пријава е логична и разумна преставува пријава од укажувач и содржи доволно елененти за понатамошно постапување во рок од еден ден донесува заклучок/ци за понатамошно постапување , по пријавата кои се однесуваат на надлежноста на институцијата за постапување по пријавата и заштита на укажувачот или нему блиско лице.
Овластеното лице по донесување на заклучокот со став 1 од овој член без одлагање со допис ја проследува пријавата до службеното лице во институцијата кое е надлежно за постапување во областа по која се однесува пријавата откако претходно ќе ги издвои личните податоци и податоците кои можат да го разоткријат идентитетот на укажувачот доколку истиот бара да биде доверлив.
Овластеното лице без одлагање го известува Директорот за наводите на содржината и заклучоците за понатамошно постапување по пријавата.
Овластеното лице без одлагање на барање на укажувачот го известува за текот и превземените дејствија во постапката и му овозможи увид во списите во предметот , освен во списите и ингормациите кои можат да имаат штетни последици за текот на постапката , за што ги идвојува и го известува укажувачот.
Службеното лице по приемот на пријавата постапува по истата и превзема мерки по наводите истакнати во пријавата и до овластеното лице во рок од 7 дена доставува извештај за превземените мерки и активности во врска со пријавата.
Овластеното лице во рок од три дена со допис го известува поднесителот на пријавата -укажувачот доколку е познат или овластеното лице од друга институција која ја проследило пријавата за превземените мерки и дејствија.

Член 12

Овластеното лице го информира укажувачот за превземените мерки во врска со пријавата без одлагање , а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата.

Член 13
Доколку по поднесената пријава надлежна е да постапува друга институција согласно закон, овластеното лице во рок од 8 дена по приемот и заведувањето на пријавата ја проследува до надлежна институција.
Во случај на пријавување на кривично дело со кое се повредува или загрозува животот на укажувачот и нему блиско лице , здравјето на луѓето, безбедноста, животната средина, штети од големи размери , односно ако постои непосредна опасност од уништување на докази а укажувачот не се согласува во својство на сведок да даде исказ , овластеното лице со прибавена писмена согласност од укажувачот без одлагање доставува писмено барање до надлежните институции во согласност со член 11 став 2 од Правилникот за заштита на внатрешното пријавување во институциите во јавен сектор.
Со проследување на пријавата од став 1 на овој член и доставувањето на писменото барање од став 2 овластеното лице истовремено го известува укажувачот доколу е познат.

III . ИЗДВОЈУВАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ

Член 14

Заради обезбедување тајност и заштита на личните податоци Директорот обезбедува и применива соодветни технички и организациони мерка за заштита на податоците од незаконско или слично уништување , губење, преправање, неовластено откривање или пристап особено кога обработката вклучува пренос на податоци, преку мрежа согласно прописите за заштита на личните податоци на класифицирани информации.

Член 15

Oвластеното лице по приемот на пријавата постапува во согласност со оваа процедураи законот за заштита на укажувачи , а особени ги штити личните податоци на укажувачот, односно податоците кои можат да го откријат идентитетот на укажувачот, доколку бара да биде анонимен или пријавува доверливо согласно со прописите за заштита на личните податоци.
Овластеното лице потпишува изјава за неоткривање на личните податоци во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Овластеното лице го известува пријавувачот дека неговиот идентитет може да биде откриен на надлежен орган , дококлу без откривање на идентитетот не би било можно да се постапува пред органот , како и да го извести за мерките за заштита на учесникот во кривичната постапка.

IV ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИТЕ

Член 16

На укажувачот и на нему блиски лица им се обезбедува заштита од било каков вид на повреда на право или штетно дејствие или опасност од настапување на штетни дејствија заради извршено заштитено внатрешно пријавување согласно законот и му гарантира анонимност и доверливост од степен и до момент до кога тој го бара.
Заштита од став1 на овој член се обезбедува од страна на институцијата со превземање дејствија да спречи повреда на правата од работен однос или на кое било право и воздржување од дејствија со кои се повредува или загрозува било кое право на укажувачот заради извршено пријавување.
Доколу не е обезбедена заштита од ставот 2 на овој член укажувачот за ова пријавува во Државната комисија за спречување на корупција, Народниот правобранител на Репиблика Северна Македонија, Инспекцискиот совет, Министерство за внатрешни работи, и Јавно Обвинителство на Република Северна Македонија кои по пријавата без одлагање постапуваат согласно своите надлежности.

Член 17
Овластеното лице ќе го упати укажувачот на надворешно пријавување и кога без сопствена вина е спречен веднаш, без одлагање да превзема мерки во врска со пријавата за отстранување на штетните последици по укажувачот или по негово блиско лице согласно ЗАконот за заштита на укажувачите и оваа процедура.

V. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Овластеното лице подготвува полугодишен извештај за примени пријави од укажувачи со податоци за бројот на примени пријави, начинот на кои се примени, кратко наведени превземените дејствија, препратени барања на други надлежни институции, и го доставува до Државната комисија за спречување на корупција за првото полугодие најдоцна до 31 јули во тековната година, за второто полугодие најдоцна до 31 јануари наредната година за периодот август-декември за претходната година.

Член 19

Ова Упатство влегува во сила со денот на донесување и се објавува на веб страната на установата.

ДИРЕКТОР
Јовица Стојановиќ