Национална стратегија

Развојот на македонскиот пенитенцијарен систем претставува значаен сегмент од реформата на казнено-поправниот систем, што е една од приоритните цели на владините политики. Основната интенција е да се создаде функционален систем на извршување на санкциите кој ќе обезбеди успешна ресоцијализација и социјална адаптација на осудените лица за нивно оспособување да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за самостоен живот.
Клучен акт со кој се дефинира извршувањето на санкциите во државата е Законот за извршување на санкциите1 кој претставува современ документ во кој се вградени сите меѓународни стандарди за извршување на казната затвор (Стандардните минимални правила за постапување со затворениците и Европските затворски правила3), што е предуслов за почитување на човековите права и достоинството на осудените лица.