Казнено поправна установа “ИДРИЗОВО”со отворено одделение Велес

Според степенот на обезбедување, степенот на ограничување на слободата и видовите на третман што се применуваат спрема осудените лица Казнено поправниот дом Идризово со отворено одделение во Велес е установа од затворен вид во која има висок степен на физичко и материјално обезбедување.
Во КПД Идризово казната затвор ја издржуваат машки лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор над 3 години односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува над 3 години, како и машки лица повторници осудени со правосилна пресуда на казна затвор над 6 месеци односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува над 6 месеци.
Единствено во КПД Идризово постои посебно оддление за женски лица каде што казната затвор ја издржуваат женски лица од целата територија на Република Македонија кои се осудени со правосилна пресуда на казна затвор или малолетнички затвор независно од висината на казната. Притворените женски лица се сместени во посебни простории во притворските одделенија во затворите кои се установи од полуотворен вид.
Исто така, единствено во КПД Идризово се извршува казната доживотен затвор изречена на машки и женски лица, како и казната затвор изречена спрема машки и женски лица странски државјани и лица без државјанство.

Адреса: ул.1 бр. 4А Колонија Идризово – 1040 Маџари -Скопје
Жиро с-ка на установата: 070020184860319 во НБРМ
Жиро с-ка за самофинансирачки активности: 070020184878716 во НБРМ
Жиро с-ка на осуденичка благајна ОСКА: 070020184869613 во НБРМ
ЕДБ: 4030946338860
Мат.бр.: 4068408
Телефон: 02/2580312
Факс: 02/2580340
E-mail: kpuidrizovo@kpuidrizovo.gov.mk