Врз основа на член 206 став (4) од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/2019), директорот на Управата за извршување на санкциите донесе:

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО, ОДНОСНО ПРАВЕН ИНТЕРЕС

Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на образецот на барањето за остварување на право, односно правен интерес.
Член 2
Образецот се состои од два дела, од кои едниот е за барањето за остварување на право, односно правен интерес, а вториот за приговорот на известувањето по барањето за остварување на право, односно правен интерес. Образецот содржи податоци за установата, кратко упатство за пополнување со правна поука за подносителот, лични податоци и потпис на подносителот, приемен број и датум, потврда за прием и име, потпис и звање на примателот – овластеното лице во установата.

Регулатива

Последни објави во регулатива