Врз основа на член 55 став (7) од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/19 и 220/19), министерот за правда донесе

ПРАВИЛНИК

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ

ЗА ФОРМАТA, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА СЛУЖБЕНАТА

ЛЕГИТИМАЦИЈА, УНИФОРМАТА И ОЗНАКИТЕ НА УНИФОРМАТА НА

ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА

Член 1

Во Правилникот за формата, содржината и начинот на издавање на службената легитимација, униформата и ознаките на униформата на затворската полиција („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 11/20) во член 2 во ставот (1) зборовите „преку управата“ се заменуваат со зборовите „до управата“.

Член 2

Во членот 6 точката на крајот на реченицата се брише и се додаваат зборовите „и/или презиме.“.

Регулатива

Последни објави во регулатива