Врз основа на член 133 став (6) од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/19 и 220/19), министерот за правда, донесе

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧЕН НАДЗОР ВРЗ РАБОТАТА НА КАЗНЕНО-ПОПРАВНИТЕ И ВОСПИТНО-ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ

Член 1

Со овој правилник се пропишува начинот на вршење на стручниот надзор врз работата на казнено-поправните и воспитно-поправните установи (во натамошниот текст: установите).

Член 2

За време на редовниот, вонредниот и контролниот стручен надзор се врши непосреден увид во работењето на установите од страна на Управата за извршување на санкциите.

Редовниот надзор се врши по писмена наредба за спроведување на надзорот, која ја донесува директорот на Управата за извршување на санкциите.

Регулатива

Последни објави во регулатива