Врз основа на член 50 став (3) од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 99/19 и 220/19), министерот за правда донесе

ПРАВИЛНИК ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОДАТОК НА ПЛАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА И ЗА РАБОТА ИЗЛОЖЕНА НА РИЗИК

Член 1

Со овој правилник се пропишува додатокот на плата за посебни услови за работа и за работа изложена на ризик (во натамошниот текст: додатокот на плата).

Член 2

Додатокот на плата се определува во зависност од посебните услови и времетраењето на работата изложена на ризик на административните државни службеници и помошнотехничките лица во казнено-поправните и воспитно-поправните установи на работните места кај кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење (во натамошниот текст: вработените).

Регулатива

Последни објави во регулатива