Врз основа на членот 167 став (4) од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/19 и 220/19), министерот за правда донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ И НАГРАДАТА ЗА РАБОТА НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА, КАКО И ЗА ЛИЦАТА КОИ БЕЗ СВОЈА ВИНА НЕ РАБОТАТ
Член 1
Со овој правилник се пропишуваат надоместокот и наградата за работа на осудените лица како и за лицата кои без своја вина не работат.
Член 2
Во зависност од ангажираноста и тежината на работните задачи се определува висината на надоместокот и наградата.
Од страна на директорот на установата се утврдуваат видот и бројот на работните места во установата и рамките во кои може да се движи висината на надоместокот за секое утврдено работно место.