Врз основа на член 61 од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/19 и 220/19), министерот за правда донесе
ПРАВИЛНИК ЗА РАМКАТА НА ОПШТИ КОМПЕТЕНЦИИ ЗА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА
Член 1
Со овој правилник се пропишува Рамката на општи компетенции за припадниците на затворската полиција (во натамошниот текст: Рамката).
Член 2
Рамката претставува групирање на општите компетенции на единствен и интегриран начин, со цел да овозможи подобрување на постапките за селекција и вработување, унапредување, оценување на ефектот од работењето, како и стручното усовршување на припадниците на затворската полиција.