Врз основа на член 19 став 3 од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/19 и 220/19), министерот за правда донесе
УПАТСТВО ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОВИТЕ И НАЧИНИТЕ НА ТРЕТМАН НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со ова упатство се определуваат видовите и начините на третман на осудените лица во казнено-поправните установи (во натамошниот текст: установата).
Член 2
Под поимот „третман” во смисла на ова упатство се подразбира индивидуално определен динамичен систем на методи, мерки и постапување спрема осуденото лице во установата за време на извршување на казната затвор и во постпеналниот период заради насочување, развивање и остварување на позитивни карактерни особини и способности на осуденото лице, за негова ресоцијализација или социјална адаптација во општеството по издржувањето на казната.
Третманот на осуденото лице може да биде пенален, односно институционален и постпенален, односно постинституционален.