Врз основа на член 219 став (3) од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 99/19 и 220/19), министерот за правда донесе
ПРАВИЛНИК ЗА СОСТАВОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОГОДНОСТИ, ВИДОТ И НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ПОГОДНОСТИТЕ НА ОСУДЕНИ ЛИЦА
Член 1
Со овој правилник се пропишува составот на комисијата за користење на погодности, видот и начинот на користење на погодностите на осудени лица.
Член 2
Комисијата за користење на погодности на осудените лица (во натамошниот текст: комисијата) е составена од претседател, двајца членови и нивни заменици.
Претседател на комисијата е раководителот на секторот за ресоцијализација во казнено-поправната установа.