Врз основа на член 29 став (2) од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/19 и 220/19) директорот на Управата за извршување на санкциите донесе

УПАТСТВО ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА СТРУЧНО ДОСИЕ ЗА ОСУДЕНИ ЛИЦА ВО КАЗНЕНО-ПОПРАВНИ УСТАНОВИ

Член 1
Со ова Упатство се определува содржината и начинот на водењето на стручното досие за осудените лица во казнено-поправните установи.
Член 2
Казнено-поправните установи (во натамошниот текст: установи) ги прибираат сите потребни податоци за осудените лица кои се однесуваат за издржување на казната затвор и истите се внесуваат во соодветни обрасци кои се составен дел на стручното досие на секое осудено лице.

Регулатива

Последни објави во регулатива