Врз основа на член 31 од Закон за извршување на санкции ( Службен Весник на Р.Македонија бр. 99/2019 и 220/2019 ) член 49 став 2 и член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа , согласно член 63 став 1 точка 8 од Законот за заштита на лични податоци ( Сл.Весник на Р.С.М бр. 42 од 2020 ) и Правилникот за безбедност на обработка на лични податоци (Сл.Весник на Р.С.Македонија бр. 122 /2020 ) , Директорот на КПУ-КПД Идризово донесе:
ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО КПУ-КПД ИДРИЗОВО СО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС
Член1
Со овој Правилник се пропишуваат техничките и ораганизациони мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработка на личните податоци што се применуваат во КПУ-КПД Идризово
Член 2
Одредбите од овој Правилник се применуваат за :
-целосно и делумно автоматизираноа обработка на лични податоци
-друга рачна обработка на личните податоци кои се дел о постојаната збирка на лични податоци или се наменети да бидат дел од збирката на лични податоци.