Врз основа на член 31  од Закон за извршување на санкции ( Службен Весник на Р.Македонија бр. 99/2019 и 220/2019   )  член 32 од Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РСМ бр. 42/20  ) а во врска со  Правилникот за безбедност на обработка на лични податоци  ( Сл.Весник на Р.С.М бр. 122 / 2020  )   , контролорот за заштита на лични податоци КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес донесе:

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПРАВЕЊЕ НА СИГУРНОСНА КОПИЈА АРХИВИРАЊЕ И ЧУВАЊЕ , КАКО И ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ НА ЗАЧУВАНИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ    

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ   

Член1

Со овој Правилник се  определуваат начинот на правење на сигурносна копија архивирање и чување , како и повторно враќање на зачуваните лични податоци предмет на обработка на  КПИ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес  ( во натамошен текст КПД-КПУ Идризово   )     

Член 2

КПУ-КПД Ирдизово врши редовно снимање на сигурносната копија и архивирање на податоците во системот , за да се спречи нивно губење или уништување. Затаа цел се користи сервер ( сервер на подршка  ) во кој веднаш по обработка на документите за лични податоци се креира резерван копија на обработените лични податоци , во случај на пад на комјутерскиот систем или негово оштетување од било која причина ,сите податоци остануваат сочувани во надворешниот hard disk.

Регулатива

Последни објави во регулатива