Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за администартивни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, и 11/18), чл.2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас кај припадникот на затворска полиција , начинот на поднесување на документите и доказите за исполнување на условите содржани во огласот, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто , како и начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен Весник на Република Македонија бр. 11/2015 и бр.35 од 23.02.2018 година) и добиено известување за обезбедени финансиски средства од Министерство за Финансии КПУ- КПД Идризово со Отворено одделение во Велес бр.18-6150/2 oд 23.05.2023год. заведено под наш број 04-6797/1 од 23.05.2023год. согласно член 30 став 5 од Законот за административни службеници , КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес објавува добјавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 03/2-2023
За пополнување на следните работни места со унапредување:
1. Раководител на Одделение за третман ,со шифра УПР0101Б04000 во Сектор за Ресоцијализација – Oдделение за третман 1 (еден) извршител.
Посебни услови за работното место :
- Стручни квалификации -ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалигикации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Општествени науки – образование, социологија и други општествени науки социјална работа и социјална политика .
- Работно искуство , најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку 1 една година на работно место во јавен сектор , односно најмалку 6 шест години работно искуство во струката , од кои најмалку 2 две години на раководно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија (англиски, француски и германски)
- Активно познавање на компјутерски програми за канцалариско работење
- Потврда за положен испит за Административно управување
- Спосбност за тимска работа
Плата:
Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со која се вреднува степенот на образование и додатокот на плата за звање изнесува 32,231,00 денари.
2. Советник за подготовка на постапки за јавни набавки со шифра УПР0101В01000 во Одделение за јавни набавки во Сектор за Општо-прави работи и јавни набавки -1 (еден) извршител
Посебни услови за работното место :
Стручни квалификации – За нивото В1 нивото на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 – Правни науки или Економски науки
Работно искуство , за нивото В1 најмалку 3( три) години работно искуство
Посебни работни компетенции
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија (англиски, француски и германски )
- Активно познавање на компјутерски програми за канцалариско работење
- Сертификат за работа со јавни набавки
- Способност за тимска работа
Паричниот износ на збирот на основната плата која ја сочинуваат степенот на образование и додатокот на плата за звање изнесува 28,741,00денара
Работно време е од 07,30/08,30 до 15,30/16,30 часот.
Работни денови- Од понеделник до петок
Неделно работно време – 40 (четириесет )часа
На интерниот оглас можат да се јави администартивен службеник вработен во КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес , кои ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани согласно Законот за административни службеници и актот на систематизацијa на работни места и тоа :
- Да е државјанин на Република Северна Македонија
- Активно да го користи македонскиот јазик
- Да е полнолетен.
- Да има општа здравствена способност за работното место,
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Да е оценет со оценка А или Б при последното оценување
- Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамките на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас.
- Да поминал најмалку две години на тековното работно место.
- Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот. оглас.
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавта преку архивата на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес до Одделението за Човечки ресурси.
Пријавата е прикачена заедно со интерниот оглас на web страната на која е објавен огласот и во хартиена форма во архива на установата.
Рокот на доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на web страната на установата и web страната на Агенција за администрација.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови можат да ги приложат и следните докази:
- Потврда за успешно реализирани обуки и /или
- Потврди за успешно реализирано менторство -како ментор или менториран административен службеник .
Исто така кандидатите во Пријавата за унапредување се должни да потврдат под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни , а доставените докази верни на оргиналот.
Ненавремена, нецелосна и неуредна пополнета пријава нама да биде предмет на разгледување.
Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од Раководното лице во Установата.
Кандиидатот кој внел лазни податоци во установата се дисквалификува од натамошна постапка
- Огласот ќе биде објавен на ВЕБ страната на Установата и на огласна табла .
ДИРЕКТОР М-р Зоран Јовановскки