Врз основа на  член 67 став  1 и став 2  вв со чл. 70 од ЗИС- (Сл. Весник на РС.Македонија бр. 99/2019 и 220/2019) член 20-г став 1 oд Законот за вработени во јавен сектор ( Службен Весник на Р..Македонија бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 , 198/18 ) и Службен весник на Р.С.Македонија бр. 143/19 , член 22 од став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работно односи  , и  Правилникот за систематизација на работни места во КПУ-КПД Идризово со отворено одделени Велес донесен од страна на Директорот на Управа за извршување на санкции бр.01–1755/3 од 29.11.2019год.со сите измени и дополнувања на Правилникот за систематизација на работни места во КПУ-КПД Идризово со Отворено Одделение Велес  со дадена писмена согласност за обезбедени финансиски срества за вработување на неопределено време од Министерство за финансии бр. 08-4/329/1 од 27.07.2023 година ,  Казнено -поправана установа  Казнено-поправен дом Идризово со Отворено одделение Велес  објавува 

JAВЕН ОГЛАС БР. 5 / 2023

За вработување на 70 (седумдесет  лица ) на неопределено време припадници на затворска полиција -службени лица со посебни овластувања ,  овластено службено лице во казнено-поправните и воспитно-поправните установи и тоа за следните работни места

1. Помлад затворски полицаец -Помошно-стручен припадник на затворска полиција , Категорија Г, ниво-Г4 , со звање  Помлад затворски полицаец , Шифра ЗАТ0204Г04001-70  ( седумдесет ) извршители .

Општи Услови :

  • да е државјанин  на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

Пoсебни услови:

  • ниво на стручни квалификации VAили ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и 180 или 240 кредити   стекнати според ЕЦВЕТ или МКСОО,или најмалку вишо/гимназиско образование или средно образование
  • со или без  работно искуство во струката
  • да е психофизички спосособен за вршење на работа во затворска полиција
  • Распоред на работно време
  • работа во смени , каде секоја смена има 12 часа
  • работни часови-40 часа

Паричен износ на нето  плата-  26 755,00денари

Потребни документи:

  1. Образец за пријавување на јавен оглас за вработување (Може да се подигне од Архива на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес или на WEB страната на установата )
  2. Доказ  -уверение за државјанство,
  3. Доказ диплома, свидетелства  од  I,II, III,и   IV  година завршено средно образование и свидетелство за завршено средно   образование,
  4. Извод од матична книга на родени,
  5. Доказ за општа здравствена способност за работното месо не постаро од  6 месеци издадено од овластена здравствена установа од медицина на трудот  ,
  6. Доказ уверение дека не му е изречена казна со правосилна судска пресуда забрана за вршење на професија , дејност или должност  не постаро од 6 месеци издадено од Основен Кривечен Суд Скопје ,
  7. Доказ за работно искуство за работното место каде е потребно

Превиденото вработување е согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2023 година и тоа -Македонец(ка  )  43  (четириесет и три звршители),,Албанец (ка )  19 -(деветнаесет  извршители )   извршители , , Ром (ка  )  3-(три)  извршители, Србин ( ка) 1 (еден)  извршител,Турци-1(еден) извршител, Власи-1  ( еден   )извршител, Бошњаци -1 (еден) извршител  други-1(еден)  извршител  

По објавениот оглас кандидатите пополнуваат пријава -образец за пријавување на јавниот оглас за вработување во затворска полиција до установата во писмена форма преку архива на установата или по пошта во затворен плик до КПД-КПУ Идризово с. Идризово ул. 1 бр.4 А 1000, Скопје.

 Заради докажување на исполнување на општите и посебните услови за работното место кандидатите за вработување кон пријавата приложуваат докази во оргинал или заверени на нотар за исполнување на условите за работните места  издадени од надлежни институции.

НАПОМЕНА – Доколку кандитатот внел лажни податоци во Пријавата ќе се дисквалификува од натамошна постапка и ќе биде запишан во Регистарот на лица кои дале лажни податоци на јавни огласи за вработување во јавен сектор кои го води Министерството за информатичко општество и администрација.

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ-  15 (петнаесет  ) дена од денот на објавување на огласот за вработување.

  • Постапката за  селекција за вработување ја спроведува Комисија за селекција за вработување на припадник на затворска полиција и најдоцна 8 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите за јавен оглас
  • Интервјуто на кандидатите за вработување кои ја поминале фазата на административна селекција се спроведува од страна на Комисијата за селекција на припадник на затворска полиција најдоцна 8 дена од завршување на фазата на административна селекција.
  • Проверка на здравствени и психофизички способности на кандидатот .

НАПОМЕНА-заради проверка на здравствените и психолошките способности кандидатите  се упатуваат  на специјалистики прегледи. 

НАПОМЕНА -по конечноста на одлуката за избор  ,  кандидатите склучуваат договор за пробна работа  и се упатуваат на основна обука за припадници на затворска полиција во времетраење од 4 месеци.

Пријавените кандидати кои не се избрани ќе бидат писмено известени во законскиот рок.

Огласот ќе биде објавен во дневните весници Вечер , Слободен печат и Коха.

ДИРЕКТОР

М-р Зоран Јовановски 

Односи со јавност