Врз основа на чл.52 ст.1 од Законот за Административни службеници(Сл.весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), а во согласност со Правилникот за систематизација на работните места во Кпу Идризово Скопје со отворено одделение во Велес бр…… од ……………. година, директорот ја донесе следната

О Д Л У К А
За избор на кандидат за унапредување преку интерен оглас 3/2023 од 5.07.2023 година

Во врска со Интерниот оглас за унапредување 03/2023 година од 25.07.2023 година, oбјавен на веб стараната на Агенција за администрација и на страната на Установата на ден 01.08.2023 година за пополнување на работното место Раководител на Одделение за Третман со шифра УПР 01 01 Б04 000 во одделение за Третман во Сектор за Ресоцијализација , се избира кандидатот Магдалена Копчаровска Дедиќ .

О б р а з л о ж е н и е

КПУ-КПД Идризово Скопје со отворено одделение во Велес објави Интерен оглас за унапредување на административни службеници 03/2023 година од 25.07.2023 година, на веб страната на Агенцијата за Администрација и веб страната на Установата на ден 01.08.2023 година , по што се донесе Одлука за формирање на комисија за Унапредување.
На ден 15.08.2023 година, се спроведе постапка за административна селекција согласно Записник за административна селекција бр. 05-1/156 од 15.08.2023 година, и се спроведе интервју со кандидатот кој помина прва фаза за административна селекција, согласно Записник од спроведено интервју на пријавен кандидат на постапка за унапредување на административен службеник бр.05-1/160-1 од 18.08.2023 година. Согласно финална ранг листа и предлогот за одлука за прворангиран кандидат бр.04- 8846/6 од 18.08.2023.година, директорот одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
Упатство за правно средство: Против оваа одлука може да се изјави жалба во рок од 8 дена од денот на приемот до Комисија на Агенција за администрација за одлучување по жалби и приговори на административни службеници од втор степен.

Односи со јавност