Врз основа на член 31 од Законот за извршување на санкциите  ( Сл. Весник на РСМ бр.99/19 и 220/19, ) и член 26 од Законот за вработени во Јавен Сектор(Сл.Весник на РСМ бр. 27/14, 199/14, 27/2016, 35/2018, 198/18, 143/19, и 14/20 )член 137 од Законот за работно односи  (Сл. Весник на РСМ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 16/10, 0/10, 52/10, 124/10, 158/10, 7/11, 11/12, 39/12, 52/12, 13/13, 25/13, 54/13, 170/13, 187/13, 34/14, 113/14, 145/14, 20/15, 33/15, 74/15, 129/15, 27/16, 120/19 , 110/19) член 25 од Oпштиот   колективен  договор  за јавен сектор в.в со Правилникот за определување на додаток на на плата за посебни услови за работа и работа изложена на ризик бр. 01-5561/1 од 27.12.2019 година донесен од Министерот за правда (Сл. весник на Р.С.Македонија бр. 275/19 ) Директорот на Казнено – Поправната Установа Идризово ја донесе следната

                  ПРАВИЛНИК ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ТРАЕЊЕТО НА ГОДИШНИОТ ОДМОР НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО  КПУ-КПД ИДРИЗОВО СО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС   

                                                                     Член 1

    Со  овој Правилник  се   утврдуваат основите за определување на  должината на годишниот одмор за вработените лица во КПУ –КПД Идризово со отворено одделение Велес кои имаат статус на државни службеници, припадниците на затворска полиција и помошно-техничките лица , врз основа на Законот за вработени во Јавен Сектор, Закон за работни односи,  и др. во согласност со  Општиот  колективен  договор  за јавен сектор.

                                                                   Член 2

(1) .Административните државни службеници, припадниците на зтаворска полиција и помошно-техничкиот поерсонал во текот на годината имаат право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена( сметајки ги како неработни денови, саботите, неделите, празниците определени согласно Закон, слободните денови и др. случаи на оправдано отсуство од работа.  ) 

(2).Годишниот одмор од став1 може да се продолжи до 26-дваесет и шест работни дена и повеќе  и тоа врз основа на следните критериуми согласно Општиот  Колективен договор за јавен сектор   :                                                                             

  • должина на работен стаж
  • сложеност на работа
  • работа изложена на висок ризик
  • други социјални и здравствени околности,

(3). Врз основа на должината на работниот стаж согласно член 11 од Гранскиот Колективен Договор,за ранотен стаж од :

  • над една година до 10 години работен стаж -1 работен ден
  • над  10 години до 20 години работен стаж , 2 работни дена
  • над  20 години работен стаж-3 работни дена

(4) Сложеност на работа, согласно нивото на степен на образование

  • работи од  I- III степен сложеност , 1 работен ден
  • работи од IV-V  степен сложеност , 2 работни дена,
  • работи од VI-VII степен на сложеност , 3 работни дена

(5). Врз основа на посебните услови за работа и работа изложеност на ризик

  • за  припадниците на затворска полиција и  сите останати вработени  -годишениот  одмор се зголемува за 3 работни дена,

(6).Врз основа на други социјални и здравствени околности

  • инвалид-3 работни дена
  • работник со најмалку 60% телесно оштетување-3 работни дена
  • самохран родител или старател на дете  до 15 години – годишниот одмор дополнително се зголемува за 3 работни дена,
  • Кај самохран родител, родител или старател на дете со посебни потреби-годишниот одмор дополнително се зголемува за 4 работни дена.

(7). Согласно  член 137 став 3 од Закон за работни односи  и чл.25   од ОКДЈС кај

  • повозрасен работник 57 години старост-  жени и 59 години старост- мажи ,  годишниот одмор се зголемува за 3 работни дена.

                                                            Член 3

(1).Вработениот има право три дена од годишниот одмор да ги искористи во деновите кои што самиот ќе ги определи, за што мора  да го извести работодавачот најдоцна 3 работни дена пред користењето.

(2). Во случај на итна и неодложна работа –работи кој не зависи од волјата на вработениот и не можат однапред да се предвидат, вработениот има право да искористи еден ден од деновите наведени во став1 од овој член, за што до крајот на работното времево денот на настанувањето на потребата од истото ќе го извести работодавачот.

(3). За користење на деновите  од ставот 1 од овој член работодавачот е должен да донесе Решение.  

                                                                Член 4

Вработениот не може да се откаже од правото на годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати .Ништовна е и нема да важи пред суд  било каква  спогодба со која работникот се откажува од правото на годишен одмор, и од правото годишниот одмор да му биде платен. .

                                                                Член 5

Празниците, саботите и неделите,  и слободните денови отсуствата поради боледување , како и други случаи на оправдано отсуство од работа не се пресметуваат во денови на годишен одмор. .

 Вработениот  кој заради отсуство од работа од здравствени причинои –медицински документирани , не го искористил целиот или дел од годишниот одмор , има право да го користи целиот или преостанатиот дел од годишниот одмор до крајот на идната календарска година.

                                                            Член 6

Работникот кој за прв пат заснова работен однос се стекнува со право на цел годишен одмор кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци кај ист работодавач, без оглед на тоа дали работникот работи полно работно време или пократко  работно време од полното.

                                                           Член  7

Работникот има право на користење на пропорционален дел на годишниот одмор во вкупен износ од по 2 дена за секој месец ако

  • во календарската година во која склучил работен однос не се стекнал со право на целосен годишен одмор,
  • му престанал работниот однос пред изминување на рокот , по истекнувањето на кој би добил право на целосен годишен одмор.

                                                           Член 8

Годишниотодмор по правило се користи во текот на календарската година.Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на најмалку две непрекинати недели годишен одмор до крајот на календарската година, а остатокот до 30 јуни идната година.

Годишниот одмор кој што не бил искористен во текот на календарската година заради отсуство поради боледување , повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете има право да го користи одморот до 30 јуни идната календарска година.   

По престанокот на работниот однос на вработениот, установата му издава потврда за искористен годишен одмор.

                                                                      Член 9

Врз основа на План за годишен одмор за тековната година, за секој вработен се изготвуваат поединечно Решенија за годишен одмор донесени од Директорот на Установата.

                                                                            Член 10

                          Овој Правилник  влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

ДИРЕКТОР

М-р Зоран Јовановски 

Регулатива

Последни објави во регулатива