Во Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/19 и 220/19), членот 95 се менува и гласи: „(1) Платата на припадникот на затворска полиција се состои од следниве компоненти: – основна компонента и – исклучителна компонента. (2) Основната компонента на плата ја сочинуваат: – минимална плата, – дел на плата за степен на образование, – дел на плата за ниво и – дел на плата за стаж. (3) Минималната плата е онаа која министерот за труд и социјална политика, ја објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ согласно со закон. (4) Делот на плата за степенот на образование, кој е законски миниум за соодветното ниво на работното место се вреднува на следниов начин:
НИВО НА КВАЛИФИКАЦИИ/ ОБРАЗОВАНИЕ