Врз основа на член 34 став (5) од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија” 99/19 и 220/19), министерот за правда донесе
Р Е Ш Е Н И Е
за распоредување на осудените лица и децата во казнено – поправните и воспитно – поправните установи, како и на притворените лица во притворските одделенија на казнено – поправните установи
Со ова решение се врши за распоредување на осудените лица и децата во казнено – поправните и воспитно – поправните установи, како и на притворените лица во притворските одделенија на казнено – поправните установи упатени од страна на надлежниот суд.