Врз основа на член 161 став (5) од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/19 и 220/19), министерот за правда донесе
ПРАВИЛНИК ЗА НОРМАТИВИТЕ ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ НА ХРАНА НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА ВО КАЗНЕНО-ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ
Член 1
Со овој правилник се пропишуваат нормaтивите за подготвување на храна на осудените лица во казнено-поправните установи.
Член 2
На осудените лица им се загарантирани по три оброци дневно. Осудените лица кои работат, добиваат и дополнителен оброк – топол или ладен, според Табела бр.1 која е дадена во прилог и е составен дел на овој правилник.
На осудените лица во секое време им се обезбедува пристап до вода за пиење. Здравствената исправност на водата одговара на нормативите за вода за пиење утврдени според посебни прописи.