Врз основа на член 108 став (8) од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/19 и 220/19), министерот за правда, донесе

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОЦЕНУВАЊЕ НА ПРИПАДНИКОТ НА ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА, НАЧИНОТ НА ОЦЕНУВАЊЕ НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО УСТАНОВА СО ПОМАЛКУ ОД 20 ВРАБОТЕНИ ВО ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СПРОВЕДЕНОТО ОЦЕНУВАЊЕ

Член 1

Со овој правилник се пропишува начинот на оценување на припадникот на затворската полиција, начинот на оценување на припадниците на затворската полиција во  установа со помалку од 20 вработени во затворската полиција, формата и содржината на образецот за оценување, како и формата и содржината на извештајот за спроведеното оценување.

Член 2 

(1) Од страна на непосредно претпоставениот припадник на затворската полиција, односно директорот на казнено-поправната и воспитно-поправната установа (во натамошниот текст: установата) во случаите кога припадникот на затворската полиција нема непосредно претпоставен припадник на затворската полиција (во натамошниот текст: претпоставениот), во периодот од 15 до 30 декември, се утврдуваат работните цели и задачи за наредната година, како и индивидуалните планови за стручно усовршување за сите припадници на затворската полиција со кои раководи.   

Регулатива

Последни објави во регулатива