Врз основа на член 233 став 5 од Законот за извршување на санкциите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 99/2019 и 220/2019) директорот на Управата за извршување на санкциите донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА НАЧИНОТ НА ПОСТАПУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКАТА КОМИСИЈА ПРИ
ВОДЕЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ОСУДЕНИ ЛИЦА
ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
Предмет на уредување
Со овој правилник поблиску се уредува начинот на постапување на дисциплинската комисија при водење на дисциплинската постапка против осудени лица, дисциплинската одговорност спрема лица осудени на казна затвор и на казна затвор за деца (во натамошниот текст: осудени лица), и дисциплинските казни спрема осуденото лице.
Член 2
Достапност на овој правилник до осуденото лице.

Секое осудено лице се запознава со содржината на овој правилник при започнување на издржување на казната затвор на јазик што тој го разбира. Содржината на овој правилник треба да му биде достапна на осуденото лице во текот на издржување на казната затвор.

Регулатива

Последни објави во регулатива