КУЌЕН РЕД
За осудените лица кои издржуваат казна затвор во казнено-поправна установа
I. ОСНОВНА ОДРЕДБА
Член 1
Со овој Куќен ред поблиску се определува организацијата на работата и
начинот на живеењето на осудените лица во казнено-поправната установа (во
понатамошниот текст: установата).
II.ПРИЕМ НА ОСУДЕНИ ЛИЦА
Член 2
Прием на осудено лице се врши секој работен ден во рамките на работното време на установата.
Осуденото лице кое е спроведено од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи или е преместено од друга казнено-поправна установа може да се прими на издржување на казна затвор и надвор од работното време на установата.
Претрес на осудено лице при прием