Врз основа на членовите 19, 20, 21, 22, 25 и 26 Законот за заштита на лични податоци (Сл.Весник на Р.С.М бр. 42 од 2020) и член 31 Законот за извршување на санкции , Директорот на КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес донесе:
ПРАВИЛА ЗА ПРАВОТО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ОД СТРАНА НА СУБЈЕКТОТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Цел
Член1
Со овие Правила се дефинира постапката за пристап на субјектот на личните податоци до сопствените лични податоци кои ги обработува КПУ-КПД Идризово со отворено одделение Велес за соодветни потреби согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци, како и нивна исправка и бришење.
Подрачје на примена
Член 2
Овие Правила се применуваат за лични податоци со кои располага КПУ-КПД Идризово и кои се содржани во збирките на лични податоци кои се пријавени во електронскиот регистар на збирки на лични податоци кој го води Агенцијата за заштита на личните податоци.