Врз основа на член 1 и член 90 став 2 од Законот за заштита на лични податоци ( Сл.Весник на Р.С.М бр. 42 од 2020 )и Законот за извршување на санкции , Директорот на КПУ-КПД Идризово донесе:
ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР ВО КПУ КПД ИДРИЗОВО СО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕС
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член1
Со овој Правилник се пропишува содржината и формата на актот за начинот на вршење на видео надзор во КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес
Член 2
Одредбите од овој Правилник се применуваат и при обработка на личните податоци преку вршење на видео надзор од страна на обработувачот на збирка на лични податоци.