Врз основа на чл.52 ст.1 од Законот за Административни службеници (Сл.весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), а во соглзсност со Правилникот за систематизација на работните места во Кпу Идризово Скопје со отворено одделение во Велес бр……………. од …………… година, директорот ја донесе следната

О Д Л У К A

За избор на кандидат за унапредување преку интерен оглас 3/2023 од 25.07.2023 година

Во врска со Интерниот оглас за унапредување 03/2023 година од 25.07.2023 година, објавен на веб стараната на Агенција за администрација и на страната на Установата за пополнување на работното место Советник заподготовка на постапки за јавни набавки со шифраУПР0101 B01 000 во одделение за јавни набавки во Сектор за Општо правни работи и јавни набавки, се избира кандидатот Симона Басталиќ Лазароски.

Образложение

КПУ-КПД Идризово Скопје со отворено одделение во Велес објави Интерен оглас за унапредување на административни службеници 03/2023 година од 25.07.2023 година, на веб страната на Агенцијата за Администрација и веб страната на Установата , по што се донесе Одлука за формирање на комисија за Унапредување.

На дем 15.08.2023 година, се спроведе постапка за административна селекција согласно Записник за административна селекција бр. 05-1/156 од 15.08.2023 година, и се спроведе интервју со кандидатот кој помина прва фаза за административна селекција, согласно Записник од спроведено интервју на пријавен кандидат на постапка за унапредување на административен службеник бр.05-1/157 од 15.08.2023 година.

Согласно финална ранг листа и предлогот за одлука за прворангиран кандидат бр.04-10393/1 од 16.08.2023.година, директорот одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

Упатство за правно средство: Против оваа одлука може да се изјави жалба во рок од 8 дена од денот на приемотдо Комисија на Агенција за администрација за одлучување по жалби и приговори на административни службеници од втор степен.

Односи со јавност