Врз основа на член 31 од Законот за извршување нa санкација ( Службен весник на Р.М.бр. 99/2019, 220/2019 ), член 49 став 2 и член 55 став2 од Законот за организација на органите на Државна управа,  Директорот на КПУ-КПД Идризово со Отворено Одделение Велес донесе:

ГОДИШЕН ПЛАН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ   И БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО КПУ-КПД ИДРИЗОВО СО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС ЗА 2025 ГОДИНА

ВОВЕД

1.1.Цел на планот

Годишниот план за спречување  на корупцијата во КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес за 2025 година е резултата на заложбите на Владата на Република Северна Македонија во борба против корупцијата, а има за цел преку детектирање на слабостите во процесите и делокругот на работа на установата да придонесе за искоренување на корупцијата и спречување на нејзино понатамошно појавување, за да се обезбеди владеење на правото, како и квалитетен и ефикасен придонес  во борба против  истата.

Обврска на сите вработени во Установата е при извршувањето на своите работни задачи да постапуваат согласно Уставот, законите,  колективните договори и други прописи донесени согласно закон. Секој вработен треба да го почитува Етичкиот кодекс на однесување, да манифестира висок степен на интегритет во работењето, да знае да ги препознае облиците на корупција и да поседува способност да се спротивстави на корупцијата.  

Односи со јавност