Врз основа на член 31 од Законот за извршување нa санкација ( Службен весник на Р.М.бр. 99/2019,220/2019 ) ,член 49 став 2 и член 55 став2 од Законот за организација на органите на Државна управа , Директорот на КПУ-КПД Идризово со Отворено Одделено Велес донесе :
ГОДИШЕН ПЛАН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ЗА 2023 ГОДИНА
ВОВЕД
Корупцијата е динамична појава и еден од главните предизвици и опасности за демократското општество и владеењето на правото поради што нејзино спречување и превенција е основ за добро функционирање и управување со институциите во согласност со Уставот, законите, меѓународните национални етички кодекси.
Независноста, професионалноста и етичноста во извршување на надлежностите утврдени со закон се гарантираат преку зајакнување на интегритетот на институциите, односно преку зајакнување на системот на политики, стандарди и процедури воспоставени од институциите.
Негативните ефекти од корупцијата се огромни и тие подеднакво го опфаќаат јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.
Во поширока смисла согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси, “Корупција” преставува злоупотреба на функцијата, јавното овластување , службена должност или положба заради остварување на корист , директно или преку посредник за себе или за друг .
Поимот ” ризик од корупција” дефинира било кои вид на внатрешна или надворешна слабост или постапка која преставува можност за појава на корупција во рамките на државните органи, јавните претпријатија и други институции од јавен сектор кои ги вклучува прашањата за судир на интереси, недостаток на систем за заштита од укажувачи, измами, несоодветно користење на овластувањата, дискрециони овластувања, финансирање на политички партии и кампањи спротивно на закон, тргување или недозволено користење на информации , транспарентност на постапки идокументи и други прашања од значење за интегритетот.
Под “Судир на интереси” се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасно вршење на неговите јавни овластувања или службени должности.
Сите досегашни извештаи од Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија ,евалуациите на ГРЕКО, извештаите на релевантни организации покажуваат крајно неповолна состојба со справување со корупцијата.
Во нашето општество корупцијата е длабоко навлезена во скоро сите пори во нашето живеење што укажува на решителна борба кон нејзино намалување со тенденција на нејзино искоренување.
1. ШТО Е КОРУПЦИЈА
Под поимот корупција се подразбира искористување на службената положба за приватни цели. Тоа подразбира дека кога постои корупција вршењето на јавните овластувања и работи од јавен интерес добиваат карактер на вршење одредени услуги само за оние граќани кои имаат можност да платат.
Оној кој се однесува коруптивно преку злоупотреба на својата положба се здобива со материјална или нематеријална корист која може да биде наменета за него или за некој негов близок. На тој начин некои луѓе недозволиво стекнуваат корист , додека на други им е отежнато остварувањето на некое право кое им следува по законски пат.
2. ПРАВНИ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА КОРУПЦИЈАТА
Постојат повеќе закони кои се однесуваат на корупцијата и тоа: Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Кривичниот законик, Закон за заштита од укажувачи, Закон за лобирање и др. Во заложбите на меѓународната заедница во борба против корупцијата донесени се Конвенцијата на Обединетите нации против корупција и Цивилната конвенција за спречување на корупцијата. Нашата држава ги има ратификувано овие меѓународни документи и истите се дел на домашното законодавство.
3. АНТИКОРУПЦИСКА ПОЛИТИКА ВО КПУ-КПД ИДРИЗОВО СО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС
– КПУ-КПД Идризово со отворено одделение Велес нема да толерира коруптивно однесување , т.е искористување на функцијата , јавното овластување ,службената должност и положба заради остварување на каква било корист за вработениот или некој негов близок. Нема да биде толерирана било каква форма на неетичко и неморално однесување забрането со закон и спротивно на етичкиот кодекс .
–Директорот и раководните лица во сектороте и одделенијата , како и раководните припадници на затворска полиција се одговорни за проценката и отстранувањето на ризиците кои што придонесуваат за корупција, проневера, крадење, поткуп, судир на интереси и користење на влијание со цел добивање повластен третман или било каква друга форма на незаконско и неетичко однесување.
-Административните службеници и припадниците на затворска полиција се должни да се однесуваат чесно и одговорно и да ги почитуваат пропишаните процедури и рокови за постапување , да бидат лојални на институцијата, да избегнуваат судир на интереси и да се грижат за угледот на инститициајат без оглед дали се наоѓаат на работното место или надвор од него.
-Административните службеници и припадниците на затворска полиција по вработувањето во установата потпишуваат Изјава за прифаќање на Декларацијата за заедничка мисија на вработените во јавен сектор, со што се обврзуваат на почитување на политиката и интегритето во установата.
-Вработените се должни да пријават било какво коруптивно однесување на начин пропишан во процедуритеза пријавување кога постои сомнеж за за корупција ила за друго неетичко однесување.
-Доколку на вработените во Установата им биде понуден поткуп или се потикнувани на незаконски и неетички дејствија треба веднаш да ја прекинат комуникацијата со лицето кое нуди поткуп и писмено да го известат надлежното лице во Установата. При тоа треба вработениот да го прецизира местото каде е понуден поткупот, времето, соговорници доколку постоеле и кои бил предметот на разговор.
-Доколку вработенот не постапи согласно пропишаната процедура , против него ќе биде покренета постапката.
– Пријавувањето на коруптивното однесување е должност за секое лице вработено во Установата. Тоа не е лично прашање, туку е дел од службената должност и одговорност.
-Доколку вработените биле сведоци или имаат сомневања за неетичко и незаконито работење на некои од вработените во Установата можат а во писмена форма , телефонски или по електронска пошта да го известат овластеното лице во установата.
-Секој кој пријавува корупција треба да знае дека информациите се целосно доверливи.
–Доколку постајат анонимни пријави по нив ќе се постапува само доколку содржат податоци со кои ќе се обезбеди утврдување на фактичката состојба.
-Коруптивните дејствија превземени од страна на вработените во установата се казниви согласно Кривичниот закон и истите повлекуваат и покренување на дисциплинска постапка , која што не исклучува и кривична одговорност.
-Доколку постои нешто кое не е содржано во оваа програма за антикорупциска политика не е никаков ограничувачки фактор за вработените во поглед на пријавување на кривични дека во полиција, Обвинителство и Државна комисија за спречување на корупција.
4. ОБЛАСТИ КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ НА РИЗИК ОД КОРУПЦИЈА
Врз основа на спроведената Анализа за проценка од ризик од корупција како алатка за детектирење на областите каде може да се појави корупцијата и како најдобро да се спречи ризикот од појава на истата која се користеше при изготвување на Годишниот план за спречување на корупција во КПУ-КПД Идризово со Отворено одделени Велес и е составен дел од истиот , како области кои се осетливи на корупција и на кои треба да се обрне внимание се:
4.1-Јавните набавки
4.2-Водењето на дисциплински постапки
4.3-Вработување,професионално и етичко однесување на вработените во установата
4.4 -Распоредување на припадниците на затворска полиција
4.5-Примање на пратки за осудени лица
4.6.Спроведување на третман и користење на погодности на осудени лица
4.7-Посети на осудени лица
4.1 Јавни набавки
Врз основа на Анализата за проценка на ризик од корупција во нашата установа како прва област каде се јавува ризик од корупција се Јавните набавки .
Како надворешни , институционалини и индивидуални фактори кои се појавуват и се ризик од корупција во оваа област се следниве: политичко влијание и политичка воља, нејасна и нецелосна правна рамка во борба против корупција, недоволно и непрецизно дефинирани улоги меѓу институциите во борба против корупцијата , ниска свест за методите и начинот во борба против корупцијата , развиена култура на неказнивост за коруптивно однесување кај вработениот, често менување и неспроведување на законот, непостоење на политики и системи во оваа област,недоволно човечки ресурси по број во институцијата за идентификување на коруптивното однесување, чуство на незадоволство и немотивираност од работата, и др.
Како внатрешни фактори кои се појавуваат и се ризик од корупција во оваа област се следниве:недостаток од хоринзонтална и вертикална контрола при извршуавњето
на работа во одредена област, непостоење на мапа на процедури во установта, нејасно определување на одговорноста кај вршителите на задачите што се дел од работниот процес, и др.
Заради надминување или целосно спречување од појава на корупција во оваа област што е и цел на оваа програма потребно е да се стремиме: Системот на јавни набавки да биде планиран преку изработка на годишен план за јавни набавки кој е целосно транспарентен согласно Законот за јавни набавки , неговото спроведување да се темели врз начелото на слободно движење на стоките, слобода на обезбедување на услуги ,слобода на основање, целосно почитување на начелата на економичност, ефикасност, и ефективност што ќе рече ефикасно користење на јавните срества и успешно остварување на целите на своето работење во согласност со прописите со кои се уредува користењето нa буџетските и др. јавни срества, еднаков третман и недискриминација на економските оператори во сите фази од постапката за јавни набавки во однос на елементите од понудата имајки го во предвид взаемното признавање и сразмерноста на барањето во врска со предметот на набавка, зајакнување на капацитетите на квалификувани и обучени кадри за спроведување на јавните набавки, зајакнување на капацитетите на лицата кои ќе ги подготвуваат техничките спецификации, засилување на надзорот и контролата над примената и почитување на процедурите за спроведување на јавните набавки , спречување на влијанието врз членовите на комисиите за јавни набавки, креирање и спроведување на обуки за примената на стандардите при подготовка на техничките спецификации од страна на членовите кои ги подготвувват техничките спецификации , поголема транспарентност при изработка на техничките спецификации ,постапување на членовите на комисијата согласно Кодексот за однесување при спроведување на постапките за јавни набавки. .
4.2 Водење на дисциплински постапки
Врз основа на Анализата за проценка на ризик од корупција во нашата установа како втора област каде се јавува ризик од корупција е водењето на дисциплински постапки .
Како надворешни , институционалини и индивидуални фактори кои се појавуват и се ризик од корупција во оваа област се следниве: ниска свест за методите и начините за борба против корупција во установата, непостоење на етички кодекси, развиена култура за неказнивост или слаба казнивост за коруптивно однесување кај вработените, недоволно човечки ресурси по број за извршување ан надлежностите во институцијата важни за идентификување на коруптивното однесување, пракса за неказнивост за лошо завршена работа, недоволна мотивираност од работата.
Заради надминување или целосно спречување од појава на корупција во оваа област што е и цел на оваа програма потребно е да се стремиме е :дисциплинските постапки да се водат согласно постоечките Закони и други подзаконски акти , да нема притисоци и политичко влијание при водењето на дисциплинските постапки врз членовите на дисциплинската комисија , да се зајакнат методите и начините во борбата против коруптивното однесување при водење на постапката во установата, примена на етички кодекси, зголемување на човечките ресурси по број за извршување на надлежностите во институцијата кои ќе го идентификуваат коруптивното однесување при водење на дисциплинските постапки , поголема мотивираност кај вработените со зголемување на личниот доход за извршување на работата, примена на стандарди за работа и етички кодекс во сите сектори , и др.
4.3 Вработување, унапредување , професионално и етичко однесување на вработените во установата
Врз основа на Анализата за проценка на ризик од корупција во нашата установа како трета област каде се јавува ризик од корупција е вработувањето, професионално и етичко однесување на вработените во установата.
Како надворешни , институционалини и индивидуални фактори кои се појавуват и се ризик од корупција во оваа област се следниве : недоволно човечки ресурси по број за извршување нa надлежностите во институцијата важни за идентификување на коруптивното однесување, непостоење на стандарди за работа и етички кодекси по сектори,недоволна мотивираност од работа, недоволно прецизно законско дефинирање на работниот процес во дадена област кое дава простор за потикнување на корупцијата и др.
Заради надминување или целосно спречување од појава на корупција во оваа област што е и цел на оваа програма потребно е да се стремиме е : вработувањето и унапредувањето да се спроведува врз основа на системот и критериумите за КВАЛИТЕТ имајки ги во предвид јасните критериуми за бодирање и спроведување на интервју при постапката за вработување и унапредување а во согласност со Правилникот за систематизација на работнитеместа во установата согласно Законите и подзаконските акти, процесот на вработување и унапредување да биде целосно транспарентен со запознавање , овозможување на достапност и јавност на огласите за вработување и унапредување, почитување на начелото на еднакви услови, еднаков пристап до работното место и соодветна правична застапеност, почитување на начелото на компетентност , почитување на начелото на професионална етика, непристрасност и објективност, целосно почитување на начелото на справување на судир на интереси каде што вработените нема да го доведуваат својот личен материјален и нематеријален интерес со нивниот статус кој може да предизвика судир на интерси,секој вработен во установата треба да се стреми кон доследно почитување на Кодексот на административни службеници, Кодексот за однесување на службените лица во извршувањето на работните задачи во казнено-поправните и воспитно-поправните установи,доследно почитување на сите пропишани процедури за работа во установата, избегнување на конфликт на интереси со добивање на подароци,пари и др. кое би можело да влијае врз интегритетот на вработениот, спротивставување на сите форми на корупција преки навремено пријавување до претпоставениот или овластеното лице , вршење на работните задачи и обврски на професионален и политички неутрален начин без изразување на своето политичко уверување и без вршење на политички активности при извршување на работните задачи.
4.4 Распоредување на припадниците на затворска полиција
Врз основа на Анализата за проценка на ризик од корупција во нашата установа како четврта област каде се јавува ризик од корупција е распоредување на припадниците на затворска полиција .
Како надворешни , институционалини и индивидуални фактори кои се појавуват и се ризик од корупција во оваа област се следниве: непостоечки или некомпетентни институции за надзор или супер визија, ниска свест за методите и начинот за борба против корупција во установата, често менување на законската регулатива, неефикасно спроведување на законите, недоволно човечки ресурси по број за извршување на надлежностите во институциите важни за идентификување на коруптивното однесување, непостоење на стандарди за работи и етички кодекси по сектори, недостаток на практични вештини, неспроведување на надлежностите на институциите кои имаат клучна улога во борба против корупциајта во затворскиот систем и, непостоење или мала примена на процедурите во институциите и др.
Заради надминување или целосно спречување од појава на корупција во оваа област што е и цел на оваа програма потребно е да се стремиме е : распоредувањето на припадниците на затворска полиција да биде врз основа на системот и критериумите за КВАЛИТЕТ во согласност со Правилникот за систематизација на работните места во установата согласно Законите и подзаконските акти, при распоредувањето да нема никава улога припадноста на политичка партија или блискост со претпоставениот , данема влијание припадноста на етничката заедница, да се подигне мотивот за работа кај припадниците на затворска полиција со зголемување на личниот доход за извршената работа, да се зајакнат практичните вешини, да се воведат стандарди за работа и етички кодекси во овој сектор, да се зајакне надзорот кои ќе врши контрола ,да се подигне свеста за методите и начинот на за борба против корупција, вработениот секогаш доколку се посомнева да има каде да го пријави коруптивното однесување, јакнење на човеките капацитете по број за извршување на надлежностите важни за идентификување на коруптивното однесување, зајакнување на политиката за казнување за секое коруптивно однесување без разлика дали се работи за раководен или помошно-стручен персонал на затворска полиција и др.
4.5 Примање на пратки за осудени лица
Врз основа на Анализата за проценка на ризик од корупција во нашата установа како петта област каде се јавува ризик од корупција е примањето на пратки за осудени лица.
Како надворешни , институционалини и индивидуални фактори кои се појавуват и се ризик од корупција во оваа област се следниве: ниска свест за методите и начинот за борба против корупција во установата, често менување на законската регулатива, неефикасно спроведување на законите, недоволно човечки ресурси по број за извршување на надлежностите во институциите важни за идентификување на коруптивното однесување, непостоење на стандарди за работи и етички кодекси по сектори, недостаток на практични вештини, неспроведување на надлежностите на институциите кои имаат клучна улога во борба против корупцијата во затворскиот систем , непостоење или мала примена на процедурите во институциите ,недостаток на хоринзотални и вертикални контроли при извршувањето на работата и др.
Заради надминување или целосно спречување од појава на корупција во оваа област што е и цел на оваа програма потребно е да се стремиме е : приемот на пратки за осудени лица да се врши согласно процедурите за прием на дозволени предмети во установата согласно Закон, подзаконски акти , и Куќниот ред на установата, секоја пратка детално да се провери и доколку се појави во истата некој недозолив предмет истиот веднаш да се пријави кај надлежните претпоставени, пратката за осудени лица да биде отворена единствено со цел претрес на истиот заради утврдување дали во истиот има недозволиви предмети за внесување внатре во установата,подигање на свеста кај вработените за методите и начинот за борба против корупција, поефикасно спроведување на законите и интерните акти со кои се регулира оваа област, зајакнување на човечките ресурси за извршување на надлежностите во институциите во оваа област, примена на стандарди за работа и етички кодекси во секторот, повеќе практични вештини околу начинот на откривање на недозволените предмети, прецизно дефинирање на работниот процес со цел да не се овозможи потикнување на корупција, мотивирање на вработените со подигигање на личниот доход на вработените, поголема казнивостза вработените доколку се утврдат елементи на коруптивно однесување на вработениот како изнуда, уценување на осуденото лице за внесување на некој предмет внатре во установата како мобилни телефони, наркотични срества, алхохол, и др.
4.6 Спроведување на третман и користење на погодности на осудени лица
Врз основа на Анализата за проценка на ризик од корупција во нашата установа како шеста област каде се јавува ризик од корупција е спроведување на третман и користење на погодности на осудените лица
Од дадените одговори видно од извршената анализа иако е наведена како област во која може да се појават ризици од дадените одговори може да се заклучи дека во оваа област не се детектирани никакви облици на коруптивно однесување .
При спроведувањето на третман и користење на погодности на осудени лица потребно е да се стремиме истиот да биде овозможен согласно Законот и другите подзаконски акти и процедури , членовите на комисијата кој учествуваат во доделување на погодностите да бидат целосно ослободени и да немаат никакви политички или било каков друг вид на притисоци при вршење на својата работа, членовите на комисијата да бидат заштитени од сите видови притисоци кои доаѓааат од страна на осудените лица поради револт доколку не се добие саканиот третман или погодност, заложба да подигне свеста кај вработените за методите и начинот за борба против корупција, поефикасно спроведување на интерните акти со кои се регулира оваа област, зајакнување на човечките ресурси за извршување на надлежностите во институциите во оваа област, примена на стандарди за работа и етички кодекси во секторот, , мотивирање на вработените со подигигање на личниот доход на вработените, поголема казнивостза вработените доколку се утврдат елементи на коруптивно однесување на вработениот како изнуда, уценување од страна на вработениот , и др.
4.7 Посети на осудени лица
Врз основа на Анализата за проценка на ризик од корупција во нашата установа како седма област каде се јавува ризик од корупција се посетите на осудените лица
Од дадените одговори видно од извршената анализа иако е наведена како област во која може да се појават ризици од дадените одговори може да се заклучи дека како надворешни, институционални , индивидуални фактори и др. кои се појавуваат и се ризик за корупција се : отсуството или нејасна , неконзистентна и нецелосна правна рамка за борба против корупцијата, недоволно прецизирани улоги помеѓу институциите во борба против корупција, ниска свест за методите и начините за борба против корупцијата,неефикасно спроведување на законите, непостоење на политики и процедури за одредена област, неспроведување на надлежностите на институциите кои имаат клучна улога во борба против корупцијата во затворскиот систем, недоволно човечки ресурси по број за извршување на надлежностите во институцијата, непостоење на стандарди за работа , и др.
При спроведувањето на посетитите на осудените лица потребно е да се стремиме тие да се остваруваат согласно Законот и другите подзаконски акти и процедури , посетите да бидат најавени и реализирани од членови на потесното семејството кои се претходно пријавени од страна на осуденото лице и истите одобрени ,истите да бидат реализирани во точно определено време, подигање на свеста кај вработените да не се дозволува посета без закажан термин и на лица кои не се наведени како членови на потесното семејство освен ако лицето е бранител, поефикасно спроведување на интерните акти со кои се регулира оваа област, зајакнување на човечките ресурси за извршување на надлежностите во институциите во оваа област, примена на стандарди за работа и етички кодекси во секторот, , мотивирање на вработените со подигигање на личниот доход на вработените, поголема казнивостза вработените доколку се утврдат елементи на коруптивно однесување на вработениот како изнуда, уценување од страна на вработениот , и др
АКТИВНОСТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Мерките за спречување на корупцијата ќе бидат во насока на унапредување на професионалноста и стручноста на вработените преку почитување на законската и подзаконската регулатива и санкционирање на било која форма на корупција во КПД-КПУ Идризово со Отворено одделение Велес и тоа:
-Почитување на Уставот на Законите на РСМ.
-Јакнење на интегритетот на вработените,
-Почитување на сите донесени процедури за работа во Установата,
-Oбезбедување на отчетност и транспарентност во работењето преку објавување на сите донесени стратешки документи и активности на web страната на установата,
-Подигање на свеста на вработените за можностите за постапување по Законот за заштита на укажувачите,
– Непристрасност и професионално постапување согласно Законските прописи при водење на јавните набавки и јакнење на контролата за јавни набавки,
– Непристарсност и професионално постапување согласно Законските прописи при спроведување на дисциплинските постапки и јакнење на контролата при водење на дисциплински постапки,
– Непристарсно и професионално постапување согласно Законските прописи при спроведување на постапките за вработување и унапредување и јакнење на контролата при спроведувањето на постапките за вработување и унапредување ,
-Едукација и обуки за зајакнување на отпорноста на вработените во установата од секаков вид влијанија,
-Почести консултации со вработените преку состаноци за јакнење на свеста за борба против корупција,
–Почитување на Кoдексот на административните службеници, Кодексот на однесување на службените лица во извршување на работните задачи во казнено-поправните и воспитно-поправните установи , Кодексот за етичко однесување на членовите на Влада на РСМ и на носителите на јавните функции именувани од страна на Владата на РСМ,
-Превземање на дисциплински мерки против сите лица кои се однесуваат коруптивно, недозволиво, неетички, и незаконито.
Заради јакнење на принципите на транспарентно работење сите вработени како и именуваните лица во КПД-КПУ Идризово не смеат да ги користат службените овластувања со цел стекнување на личнакорист и имаат обврска да се спрортистават на сите форми на корупција во рамките на Установата.
Изработил. В. Тепеѓозова