За нас

КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес

КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес е установа во која се извршува казната  затвор и казна доживотен затвор и како најголема установа и по  капацитет  и по бројност , и според степенот на обезбедување , степенот на ограничување на слободата на движење и видовите на третман што се применуваат спрема осудените лица таа е установа  во која може да се издржува казната затвор  од затворен вид, полуотворен вид  и отворен вид.

Во Установата со оглед на сложеноста, обемот на работите во функција на извршување на санкциите се организираат сектори и одделенија .Делокругот ан работата во секторите и одделенијата се уредуваат со актот за внатрешна организација на установата  според која постојат 4 Сектори и 2 Одделенија , и тоа Сектор за Општо-правни работи и јавни набавки, Сектор за Ресоцијализација, Сектор за Финансиски прашања, Затворска полиција, и  Одделение за човечки ресурси Отворено одделение Велес. 

Во КПУ-КПД Идризово со Отворено одделение Велес вработените лица имаат статус на:  административни државни службеници, затворска полиција и помошно-технички персонал. 

Во Установата   донесен е општ акт со кој се уредува куќниот ред  со кој поблиску се определува организацијата на работата  и начинот на живеење на осудените лица во установата .    

Управа

заменик директор

Одговорни службени лица

Разије Османи Хоџа
лице за
посредување со информации
Горан Јовчевски
лице за
заштитено внатрешно пријавување
Виолета Тепеѓозова
Раководител
на Одделение за човечки ресурски
Владимир Арсовски
Раководител на Сектор за Општо-правни работи и јавни набавки
Африм Незири
Раководител на
Сектор за ресоцијализација
Цветков Љупчо
Помошник раководител во Сектор за Ресоцијализација
Марија Цветкова
Рaководител во Отворено Одделение Велес
Ѓоко Смилевски
Заповедник
во затворска
полиција

Органограм

ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО КПУ ИДРИЗОВО СО ОТВОРЕНО ОДД. ВЕЛЕС

П Р А В И Л Н И К

за внатрешна организација и работа на Казнено-поправната установа - Казнено-поправен дом Идризово со Отворено одделение во Велес

Со овој Правилник се уредува организацијата и работата на Казнено-поправната установа – Казнено-поправниот дом Идризово – со отворено одделение во Велес (во понатамошниот текст: Установата) , се утврдува внатрешната организација, видот на организационите единици и нивниот делокруг на работење, раководењето во Установата и во организационите единици, програмирањето и извршувањето на работите и задачите во установата.

Внатрешни организациони единици

СЕКТОР ЗА РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈА

  1. Одделение за прием
  2. Одделение за третман
  3. Одделение за стручно инструкторски работи

СЕКТОР ЗА ОПШТИ-ПРАВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

  1. Одделение за општи-правни работи
  2. Одделение за јавни набавки

СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА

  1. Одделение за буџетска координација и контрола
  2. Одделение за сметковосдтво и плаќање

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС
СЕКТОР НА ЗАТВОРСКА ПОЛИЦИЈА